1013 hPa
68 %
17 °C
Скопје - Саб, 04.05.2024 19:38
Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство, како и за Никола Груевски од Будимпешта кого полицијата го бараше во гепеци, раткапни, акумулатори, гаражи и подруми.
Републиката покрај еколошки налепници на возилата ќе лепи и налепници „Грујо не е во овој гепек“, а на возилата на пратениците ќе лепи налепници „Маме му ебавте на буџетот со шетните трошоци“. Поради големото загадување Републиката ги поттикнува граѓаните да бараат еколошки азил.
Републиката ќе го преименува затворот „Шутка" во затвор „Будимпешта", па така на секој осуденик кога ќе оди во затвор, ќе му се вели дека оди во Будимпешта.
Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски да избегаат во друга држава.
Републиката го негува културното наследство и цитатите од Иво Андриќ објавени на Фејсбук профилот на Никола Груевски, а славната потрага кај катната гаража, историските одлуки на Обвинителството и Кривичниот суд и Прогласот на Оливер Спасовски дека мајка му на Грујо е дома ги внесува во Преамбулата на Уставот.
Слика: Александар Дојранлиев