Уметниците за Нотр Дам

17.04.2019 02:29
Уметниците за Нотр Дам

Изградена во 12. и 13. век, Нотр Дам (Богородичната црква) е една од најславните готски катедрали од средниот век, како и еден од најомилените објекти во светот.

Сместена на Иј де ла Сите, остров во Сена, архитектурата на катедралата е прославена, а меѓу бесценетите уметнички дела се витражните прозорци од розево стакло и католички реликвии, како Круната од трње, која повремено се изложува, особено секој петок за време на велигденските пости.

Катедралата е овековечена и во романот на Виктор Иго „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од половината на 19-от век. И токму Квазимодо, главниот лик од романот им е инспирација на уметниците кои посветија свои дела на Нотр Дам по несреќата што ја снајде. 

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото