Лудо хаотичната историја на раниот Тур де Франс

13.08.2019 10:54
Лудо хаотичната историја на раниот Тур де Франс

 

 Кога Тур де Франс бил организиран за прв пат во 1903, бил наменет за привлекување на вниманието од јавноста со цел зголемување на продажбите на магазин за автомобили, каде уредник бил Анри Дегранж. Тој бил велосипедист и сопственик на Париски велодром, и бил опседнат со тоа да ја направи трката што е можно потешка. Во една прилика рекол дека, во неговата идеална трка, победникот би бил единствениот кој би ја завршил.

Со декади на велосипедистите им било забрането да прифаќаат било каква помош. Во 1913 на Еужен Кристоф му се скршил воланот на велосипедот и го носел 10 километри до најблискиот ковач за да го поправи. Потоа му биле одземени 10 минути (подоцна намалени на три) бидејќи локално момче му ги напумпало гумите наместо него.





Прифаќањето на користење дроги на трката било толку распространето до 1930 што правилникот кој таа година им се делел на велосипедистите ги потсетувал дека дроги нема да бидат обезбедувани од организаторите. Консумацијата на алкохол за ја да намали болката и уморот била стандард за време на првите пет декади од Турата. Исто таа, пред планинските делови велосипедистите пушеле и цигари за „да ги отворат белите дробови“ и да го зголемат крвниот притисок.

Мамењето исто така било вообичаено во раната историја на трката. Во 1904, 12 од 27 велосипедисти кои завршиле биле дисквалификувани бидејќи се качиле на воз наместо да се тркаат. Во тоа време постоеле контролни точки но натпреварувачите не биле внимателно набљудувани па ваквото заобиколување не било така тешко. Се ширеле и приказни дека тркачите намерно ги дупнувале гумите и ги труеле конкурентите.





И навивачите помагале во мамењето. Кога возеле низ градовите жителите кои сакале да му помогнат на локалниот возач се појавувале со палки и синџири и им дозволувале да поминат само на оние за кои навивале. Многу тркачи се откажувале поради ваквите навивачи.

Интересно е дека некои тркачи се натпреварувале и за последното место. Во трката на оној што завршувал последен му бил доделуван lanterne rouge (црвен фенер) поради неговата храброст да не се откаже во текот на трката. Со годините тоа го направило последното место патрактивно од тоа да се заврши некаде во средината бидејќи добивало повеќе внимание и било позапаметно.













Извор: https://www.messynessychic.com

 

ОкоБоли главаВицФото