Ленон доби своја монета

01.11.2010 11:58
Ленон доби своја монета

Најпознатиот член на легендарната група Битлси, покојниот Џон Ленон, доби своја кована пара од пет фунти. Се работи за ограничена серија комеморативни сребреници на кои се наоѓа неговиот лик со долга коса, бакенбарди и препознатливите очила.

Произведени се пет илјади монети. Иако на предниот дел е испшишана вредноста од пет фунти, секоја кована пара се продава по цена од 44,99 фунти.

На тој начин Ленон се најде во друштво на великаните како Вилијам Шекспир, Винстон Черчил, Чарлс Дарвин и другите на кои Велика Британија им оддаде почит и им искажа чест преку ковање пари со нивниот лик. Според информациите што стигнуваат од оваа земја, кралската ковачница планира да изработи и една монета од 24-каратно злато.