Тврди, бавни, тешки, тапи – ама не сме скапи (пет сатирични песни)

16.08.2019 16:25
Тврди, бавни, тешки, тапи – ама не сме скапи (пет сатирични песни)

 

Историјата на независна и суверена БИХ во пет строфи

Хаг, Женева, вандер Брук.
Трикрат сечи, еднаш мери.
Штиглмаер, Петрич, Кук
и Бери и Бери.

Кредит, ворлдбанк, плата т’нко.
Секјурити, Дејтон, дедлајн,
офис, Париз, пиис, Иванко,
и Медлајн, и Медлајн.

Марка, долар кам енд гоуз.
Ројал, Бундес, Есфор, НАТО.
Бутрос, Холбрук, Лондон, Роуз.
И Огато, и Огато.

Јуен, ајфор, екшн мајн.
Вискиајс без тоник.
Папа, Боно, Зубин, Клајн.
и Моник, и Моник.

Хашиш, сида, оуесии.
Секјурити, Копти, Инки
Билт, Акаши, Овен, Ши.
Украинки! Украинки!

 

 

Сонет

Доларите се грин.
Црвена е блад.
Арамиите се ин.
Милостив е Гад.

Евтина е Блут.
Не е евтин Брот.
Дојчмарките се гут.
Милостив е Гот.

Нафтата е фајн.
Дрогата е кул.
Визата е најн.
Гробиштата се фул.
Животот е строг.
Милостив е Бог.


Ние се фалиме себе

Дојди, пипни, пробај, суди,
Ние сме коњи одбрани.
Има во нас триста јуди,
Нѐ има нас од сите страни.
Неуки сме, мрзливи, луди,
Мрачни, бесни, нагли, лути.
Ние сме ти ете такви души:
Мрднати, лажи-суши,
Слепи, глуви, неми, крути.
Пораснати во последни клупи.
Тенки, суви, бледи, жолти.
Не сме лични, но сме глупи.
Ко пред малку да сме слегле од гранка:
Тврди, бавни, тешки, тапи –
Ама не сме скапи.

Купи.

 

Лична наша имовино

Лична наша имовино
О тајкунска земјо мила,
Распродадена дедовино,
Да би везден спретниот го била!
Ни беше нам ти славна
Ни беше нам ти родина.
Ни беше кај што си ни рамна
Ни беше кај што си планина!
Течи Хипо, Уни течи,
Нит Рајфајзен сила губи,
Кредити да Хрват љуби.
Додека лихварот му капут шие,
Додека реимот го него вие,
Додека му гропче банка рие,
Додека камата живо бие!

 


Columnia pictures

В колумна секоја јас сум оној пророк
Што доблеста ја храни со згоен грев.
Јас сум страв и трепет за глупост и порок
Јас милувам со осило и камшикувам со смев.
Мев. Мев.

Јас бранам принципи од заседа смело.
Јас сум вертикала, непоткупен со блуд.
Леам неделно еднаш врело мастило врело
На браникот на правдата, со исукан суд.
Муд. Муд.

Со перото на готовс, слушам, читам, гледам.
Секогаш и за сѐ имам свој став.
Зборови, ко регрути, во редови редам.
Карактер секој ми рика како лав!
Ав, ав, ав.



Гифови: Zack Dougherty
Избор и превод: Ѓоко Здравески
Извор: ПОЕЗИЈА РЕМОНТИЗМА, Избор из сатиричне поезије


Ненад Величковиќ е гостин на овогодинешниот книжевен фестивал Друга приказна #4.
Роден е 1962 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Таму живее и денес и работи како доцент по книжевност на тамошниот универзитет, писател и публицист. Кон неговите публикации се вбројуваат повеќе романи и збирки раскази.

Зел учество како иницијатор, уредник и соработник во бројни списанија. Некои од неговите романи излегоа во превод на германски, италијански, унгарски, македонски, бугарски, полски, словачки и словенечки јазик. Ненад Величковиќ е уредник на списанието Школегијум (Сараево) и Текстура (Белград), иницијатор и уредник на едицијата Лектира народу и колумнист за Дојче Веле. Како косопственик на книжевната работилница Омнибус има издадено повеќе од 20 книги.

ОкоБоли главаВицФото