Пред големите маркети се појавија дилери на пластични кеси

06.01.2020 00:10
Пред големите маркети се појавија дилери на пластични кеси

По одлуката за поскапување на кесите за потрошувачи, пред поголемите маркети во државава се појавија дилери на пластични кеси. „Кесарите“, како што ги нарекуваат луѓето, продаваат стари и користени кеси по пониска цена.

- Имам стотици кеси кои ми стојат зад вратата и ова е одлична можност да се ослободам од нив, а притоа и да заработам. Маркетите не можат да ми конкурираат со цената зашто ги продавам по двојно пониска цена, вели еден дилер кој сакаше да остане анонимен.

Кесите што можат да се купат по значително пониска цена се со ист квалитет како оние во маркетите, „а биле користени само за конзервирана храна и евентуално павлака, а никако хемија или леб, па во нив да има трошки“.

Купувачите тврдат дека дилерите се најдобар вид рециклажа и како такви може да ги прифати секој граѓанин. Подобро тоа отколку лажните приказни за заштита на животната средина.

- Дома имам огромни тутканици со илјадници кеси што не ми требаа, а беа бесплатни. Зарем сега треба да плаќам за да правам нови тутканици? Едноставно, ги засакав, и сакам да правам нови за да ги гледам како тутканиците се зголемуваат, вели еден купувач, кој исто така сакаше да остане анонимен зашто се плаши да не му се освети некој работник на каса“.

Дилерите на пластични кеси се лесно воочливи околу маркетите, се огласуваат на „кссс, кссс, кссс“ и се шушкаат натаму наваму.

Адаптирано од: https://www.njuz.net