Близначки

02.06.2020 14:16
Близначки

Арико Инаока започнала да го посетува Исланд во 2002, привлечена од луѓето и од музиката на земјата. Од нејзината прва посета таа земја станала извор на нејзината креативност и инспирација. Четири години подоцна, нејзин пријател ја запознал со Ерна и Хрефна, шестгодишни близначки, и ги донел на кастинг за модна сесија што ја правела Арико. На крајот не ги вклучила близначките во таа сесија, но ѝ останале интересни. Во 2009, кога близначките имале по 9 години, повторно се поврзала со нив.

Оттогаш, Арико ги посетува близначките секое лето во нивниот дом во Рејкјавик на на неколку недели. Таа планира да продолжи да ги фотографира додека не станат тинејџерки. Ги опишува како „самоуверени, зрели и скромни“. Близначките танцуваат балет 2-3 часа дневно секој ден. Двете се добри ученички и добивааат „речиси исти оцени“. Нивната врска, вели, е на граница на телепатија: „Кога зборуваат, едната започнува реченица, другата ја презема на средина, и првата повторно ја довршува – сето тоа е многу риродно. Исто така, велат дека имаат исти соништа“.



Арико се обидува на фотографиите, сликани во ниниот дом и други „безвременски“ локации на половина час од градот, да им даде магичен, нереален впечаток, бидејќи релацијата на близначките ѝ изгледа на сличен начин вонсериска и мистериозна. „Нивката конекција е прекрасна и мирна. Верувам дека фотографијата може да го уови она што окото не може да го види.“

Извор: Dioniso Punk

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја

ОкоБоли главаВицФото