Данска лансираше тв-серија за деца за човек со џиновски пенис

09.01.2021 14:34
Данска лансираше тв-серија за деца за човек со џиновски пенис

 
Данската телевизиска куќа DR, еквивалент на BBC, има нова аминирана серија наменета за деца од 4 до 8 години. Главниот лик, Џон Дилерманд, има исклучителен пенис. Впрочем, толку е исклучителен, што може да реализира спасувачки мисии, да црта мурали, и дури и да краде сладолед од деца. Тој е човекот со најдолгиот пенис на светот, и со него надминува проблеми и предизвици.

Очекувано, серијата предизвика дебата околу тоа што добрата телевизија за деца треба и не треба да содржи.

По премиерата во саботата, противниците ја критикуваат идејата за човек што не може да си го контролира пенисот. „Дали е ова навистина пораката што сакаме да им ја пратиме на децата среде огромен бран на #СегаКажувам движењето?“ – вели данската авторка Ан Лиса Марстранд-Јургенсен.

Серијата се појавува само неколку месеци откако тв-презентерката Софи Линде го започнала движењето #СегаКажувам во Данска, каде се одвива под хаштазите #MeToo и #NejTilSexisme (Не за сексизмот).


Кристијан Грос, професор и истражувач на родот на Универзитетот Роскилд, вели дека верува дека она што во програмата може да се сфати како прослава на моќта на машките гениталии може само да ја уназди еднаквоста. „Ја перпетуира стандардната идеја за патријархално општество и ја нормализира шовинистичката култра... која се употребува за правдање на голем број лоши постапки од страна на мажи. Треба да е смешно, па затоа се гледа како безопасно. Но, не е така. И на ова ги учиме нашите деца.“

Ерла Хајнесен Хојстед, клиничка психологинка која работи со семејства и деца, вели дека смета дека противниците на емисијата можеби премногу читаат во ова. „Џон Дилерманд им зборува на децата и го дели нивниот начин на размислување – а децата навистина ги сметаат гениталиите за смешни“, вели таа.

„Емисијата прикажува човек кој е импулсивен и нема секогаш контрола над нештата, кој прави грешки - како и децата, но, што е клучно, Дилерманд секогаш ги поправа работите. Тој презема одговорност за своите дејства. Кога една жена во серијата му вели дека треба да си го чува пенисот во своите панталони, на пример, тој ја слуша. И тоа е фино. Тој одговара за своите постапки.“

Хојстед се согласува дека тајмингот е лош и дека серија што го тематизира телото можела да повеќе да земе предвид разгледување на „разликите и разновидноста“ наместо неприродно голем пенис (на дански, дилер е сленг за пенис, оттаму и името на ликот). „Но ова категорично не е емисија за секс“, вели таа. „Да се смета за таква значи да се проектираат идеи на возрасните врз неа“.

DR, данскиот телевизиски јавен сервис, им репутација за туркање на границите – особено во однос на децата. Уште еден популарен детски лик е Онкел Реје, кој пцуе, пуши луле и избегнува бањање. Еден машки лик во емисијата Gepetto News ги згрозил конзервативците во 2012 кога ја разоткрил својата љубов за носењето женска облека. Додека, емсиијата Ultra Strips Down предизвикала неодобрување во јавноста во 2020 бидејќи на деца помеѓу 11 и 13 години им претставила голи возрасни луѓе, што според Хојстед, претрпело оправдани критики.

На најновите критики DR одговориле дека еднакво лесно можеле да направат и серија „за жена што не може да ја контролира својата вагина“ и дека најважно е дека на децата им се допаѓа Џон Дилерманд.

Извор: Гардијан

ОкоБоли главаВицФото