Варвари

19.02.2021 16:48

Ние бевме оние варвари.
Пред нас се тресевте во вашите дворци.
Нас нè чекавте додека срцето ви тропаше.
За нашите јазици зборувавте: се состојат само од согласки,
од шумови, шепот и суво лисје.
Ние живеевме во црните шуми.
Од нас се плашеше Овидиј во Томa,
ние ги почитувавме боговите чии имиња не умеевте
да ги изговорите.
Но и ние бевме искусиле самотија
и страв, та посакавме поезија.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото