Зошто жените се позиморливи од мажите?

07.12.2021 15:30
Зошто жените се позиморливи од мажите?

Делумно затоа што жените, во однос на телесната маса со која располагаат, имаат помалку мускули кои би можеле да им помогнат во создавањето топлина.

Но, најважна улога тука игра хормонот естроген, бидејќи едно од дејствата во организмот му е крвта да ја направи погуста. Затоа крвта не може да се влева во најситните крвни садови во рацете и нозете.

Истражувањето кое во 1998 година било спроведено на Универзитетот во Јута, во САД, покажало дека температурата на женските дланки, стапала и уши во просек е за три целзиусови степени пониска од онаа на мажите.

Слика: Brian Kershisnik

Извор за текстот: Политикин забавник

 

ОкоБоли главаВицФото