1007 hPa
72 %
15 °C
Скопје - Пет, 03.05.2024 13:59
Војници клонирани по порачка
Гинат сериски во војни по порачка
Нив никој не ги оплакува
Тие влегуваат во дневниот оброк
На љубителите на последните вести
А соседите - херои
Со лакомост ги чекаат погребите -
Со смрт на јунаци
Во борбата за нашите жизнени интереси
Паднаа уште триесет и тримина
Ваши драгоцени подобија
Уште за триесет и трипати
Се покачува вашата
Ветеранска пензија
Препев: Гане Тодоровски