Кадифени молци од стари таписерии

06.04.22 11:38

 

Уметницата Лариса Бернхард создава шарени скулптури на молци со игла и конец. Нејзините суштества од ткаенина се извезени со стари таписерии, кои често прикажуваат историски луѓе, животни и деликатни ботанички форми на нивните крилја: еден примерок со 'рѓосан портокалов стомак прикажува мала птица како лета, додека друга е сина со средновековна жена која гледа во цвет.

Способни да стојат сами или да висат од ѕидот, рачно изработените молци имаат очи направени од чешки стаклени мониста и тела од памучен кадифе и белгиски лен. Бернхард, исто така, ги поврзува нивните крилја, овозможувајќи им на луѓето да ги обликуваат во посакуваната положба.

Уметницата првично започнала со собирање винтиџ текстил, вклучувајќи свилени таписерии и волна, и била заинтересирана за анализирање и разоткривање на нивните истории, интересирајќи се за тоа како суштествата, како што се молците, често ги населуваат таквите материјали. „Имам многу стари волнени и свилени таписерии и сè уште се обидувам да ги разоткријам приказните зад нив“, вели таа за Колосал. „Нив никогаш нема да ги исечам, тие се богатства, и постојано проверувам дали има ларви на молци во нив… и така, ми дојде идејата за молците! Она што го сакам и она од што се плашам се спои во мојата работа, на магичен начин.“

Покрај материјалните компоненти, молците се инспирирани од патувања, телевизиски емисии, книги и „дури и фрази чуени на каса во продавница“, вели Бернхард. „Никогаш нема да ми здосади да гледам колку за магично креативни луѓето“, објаснува Бернхард.















Извор: This Is Colossal 

ОкоБоли главаВицФото