Линија на убавината на Карл Лагерфелд

05.05.23 03:05

Изложбата на Институтот за костуми го преиспитува делото на Карл Лагерфелд (1933–2019). Фокусирајќи се на стилскиот речник на дизајнерот, изразен во естетските теми кои постојано се појавуваат во неговиот моден јазик од 1950-те до неговата последна колекција во 2019 година, поставката во центарот на вниманието ја поставува уникатната работна методологија на дизајнерот роден во Германија.

Еден од најтрајните стилски интереси на Лагерфелд беше постмодерната комбинација на традиционалните својства на модата со трансгресивните провокации на авангардните улични стилови. Облеката од оваа поставка ги претставува силите кои се во двобој и кои стојат зад конфронтацијата која тој со радост ја оркестрираше помеѓу естаблишментот и антиестаблишментот.

Лагерфелд уживаше во овој пресврт. Понекогаш неговите референци од улицата се општи, фокусирајќи се на облеката која е симбол на младоста како што е мини здолништето. А во други инстанци тој упатува на специфични контракултурни стилови како што се панкот и хип-хопот - што подразбира афирмација и дизајнерска промоција на модата без класа, поттикната од неговото верување дека вистинскиот стил не може да се најде во надмената реитерација на социјалната мода туку во просветителството во сферата на модните идеи.

Фотографии: Музејот на уметноста „Метрополитен“

 

Слични содржини

Мода / Екологија / Око
Мода / Око / Историја
Мода / Око
Мода / Око
Мода / Око / Историја
Мода / Технологија / Око
Мода / Око

ОкоБоли главаВицФото