Гордите жени од долината Омо

26.07.23 10:19

„Проектот „Гордите жени од долината Омо" е реализиран во внатрешноста на племето Сури, во долината Омо во Јужна Етиопија. Моделите не биле подготвувани специјално за фотосесијата, едноставно биле фотографирани такви какви што се. Не се користело вештачко осветлување. Фотографиите се направени во темен шатор со светлината што влегува од влезот на шаторот.

Фотографот Јони Блау, кој е автор на овој проект, го споделува своето искуство од поминатото време во долината Омо и комуникацијата со племето Сури:

„За да можеме од Адис Абеба да стигнеме до Омо, ни беа потребни три дена. Прво, летавме до Џима, а оттаму продолживме со автомобил. Долго време се движевме од град во град, во села, во...којзнае каде.

На последниот ден од патувањето, набрзо ги видовме последните асфалтирани патишта. Се движевме по импровизирани земјени патеки, попречени од овчари и калливи речни потоци. Која беше нашата дестинација?

Се најдовме длабоко во џунглата, во селото Сури кое што правеше спирална мрежа околу нас во сите правци. Таму живеевме меѓу луѓето Сури во долината Омо, искусувајќи го нивниот начин на живот, нурнати во нивната секојдневна рутина. Откривајќи што навистина значи сирово постоење.

Во долината Омо се чувствува како времето да нема значење. Деновите, месеците, годишните времиња и годините се неважни во овој безвременски агол на светот.

Истото важи и за концептот на пари или модерната вознемиреност која што доаѓа со интелектуалната потрага по смислата на животот и смртта. Таму, најважна е суштината на нештата. Сè се врти околу слободата и основните потреби и тоа да се биде задоволен, радосен и опкружен со саканите”.

Уметникот се обидел да ја долови суштината на тоа што значи да се биде „заглавен во времето“, што го натерало да продолжи да се прашува дали овие луѓе биле занемарени, оставени во позадина или современиот свет е тој што направил погрешен пресврт.

Овој проект, направен во декември 2019 година, е поактуелен од кога било, особено во времиња како овие, со здравствени кризи и економски падови, кога сите моравме да поминеме малку време сами и повторно да стапиме во контакт со нашите најосновни човечки потреби и она што е „суштински важно“.

Јони Блау е патувачки фотограф кој живее и работи во Тел-Авив, Израел. Фокусиран е на луѓето, културата и уличната фотографија. Својот прв фотоапарат Јони го купил по завршувањето на армиската служба и тогаш ја открил својата нова страст за фотографирање моменти и спомени од неговите патувања.

Последните петнаесет години тој ги поминал истражувајќи и доловувајќи ги фасцинантно различните култури низ светот. Последниот проект на Јони во долината Омо во Етиопија доби значајно признание, вклучувајќи неколку публикации, награди и галериски изложби.


Извор: https://lensmagazine.net/

Слични содржини

Фотографија / Екологија / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото