Уметнички поштенски марки

09.08.23 11:06

Филателистите од компанијата The Portland Stamp создаваат сосема нова генерација феноменални уметнички поштенски марки. Комбинирајќи го секвенцијалниот формат на стриповски наративни панели и безброј уметнички можности, заедно со тактилното уживање во перфорацијата на старата школа, новата серија уметници на Портланд го прават стекнувањето поштенски марки една голема арт авантура која најверојатно би го направила Френклин Делано Рузвелт (најважниот колекционер на поштенски марки во Америка) презадоволен.

Ед Фела

Тековната серија на уникатни поштенски марки може да се набават во блокови и листови или фино спакувани. Досега се издадени два сета во кутии, а наскоро ќе пристигнат и повеќе. Сите изданија се потпишани од уметниците, а секоја кутија има мал фанзин од 24 страници кој содржи интервјуа со креаторите за нивните поштенски марки и процесот на изработка.

Малаја Џенсен

Компанијата Portland Stamp во изминатите неколку години ги објавува овие серии „како начин да се натераме да правиме работи што инаку не би ги направиле - и да соработуваме со луѓе со кои сакаме или сме сакале да работиме“, вели соосновачот Џошуа Бергер.

Џенсон Страџил

Сигурно си помислувате, зарем сѐ повеќе ефемерна хартија во свет без хартија? Можеби. Но, поштенските марки претставуваат посебен вид доживување и уживање. Тие функционираат на двете нивоа.

Кристина Сили

Синтија Лати

Вокер Кехол

Сали Васник

Кентаро Окавара

Браулио Амадо

Мајк Севиџ

 

Чарлс Вилкин

Ерик В. Маст

На Ким

Рајан Бубнис

Шон Волф

Едноставно и елегантно пакување на уметничките поштенски марки од компаниајата Тhe Portland Stamp.

Извор: https://www.printmag.com/

ОкоБоли главаВицФото