Природните женски фигури на Ати Сораби

18.08.2023 11:26
Природните женски фигури на Ати Сораби

Ати Сораби ги илустрира секојдневните и обични нешта што ги гледа околу себе движејќи се низ Бруклин: мачки, дрвја, цвеќиња, птици. И жени.

Но, нејзините набљудувања на ексцентричностите на градот не потекнуваат од животот како родена њујорчанка, таа е родена во Техеран.

Во 2015 година, Сораби, со својата ќерка и сопруг се преселила во САД, а нејзините илустрации оттогаш главно се состојат од живописни фигури креирани врз основа на луѓето што ги гледа на улиците, поврзувајќи ги со своето персиско наследство.

 

Нејзините дела се прошарани со необични анимации на нејзините субјекти, кои оживуваат карактеристики како што се снежни врнежи, цветови во цут кои се нишаат на ветрето или некоја птица која со клунот скокотка нечив врат.

Дипломирана на индустриски дизајн на Универзитетот за уметност и архитектура „Азад” во Техеран и денес работи за различни клиенти, вклучувајќи го и детскиот културен центар „Пардис” во Њујорк, каде што се одржуваат часови за персиската култура и јазик.

Нејзините колоритни дела се појавуваат и во голем број персиски книги и списанија за деца. Ати Сораби беше прикажана на Годишната изложба на Здружението на илустратори и групната изложба Илустратори 59, а претставена е и на „Жени кои цртаат”, отворен директориум со повеќе од 2.700 професионални уметници, кој има за цел да ја зголеми видливоста на жени илустраторки, обоени жени и ЛГБТК.

Во однос на својата нова серија слики прикажани во галеријата, Сораби вели:
„Мојата нова серија слики се заснова на женски фигури кои не се дефинирани според стандардите за убавина на денешното општество. Почитувањето на луѓето бара длабоко разбирање на жанровите на убавината, карактерот и вредноста кои се далеку поважни од индивидуалниот изглед. Гледајќи се себеси и жените околу мене, се обидов да ги претставам фигурите во моите слики и илустрации слично на жените со кои се среќавам во секојдневниот живот.“

Делата на Ати Сораби биле изложени во Музејот на уметност во Лос Анџелес и преку неколку инсталации во Азиското друштво во Њујорк. Нејзините дела се прикажани на NPR, а изложувала и во Германија, Данска, Иран и во музеите на градовите Хирацука, Кавара и во градскиот музеј на Чиба во Јапонија.

 

 

 

Извор: https://www.printmag.com/

ОкоБоли главаВицФото