„Модерна смрт” – изложба на Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски

25.10.2023 11:07
„Модерна смрт” – изложба на Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски

Денес (среда), 25 октомври, во Културно Информативниот Центар во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Модерна смрт”.

Покрај традиционалниот начин на уметнички израз и приказ, денес користењето на технолошките иновации ни овозможи да создаваме впечатливи, извонредни и високоангажирани мултидистциплинарни уметнички дела. Мешаните медиуми jа создадоа идејата за изложба „Модерна смрт”.

“Модерна смрт” е заеднички проект на академскиот сликар Петар Миљковиќ, академската графичарка Симона Новаковиќ и академскиот скулптор Мартин Џепароски. При развивањето на делата, секој уметник имаше за цел да одговори на провокацијата:
Како може да се дизајнира модерна смрт во 21 век?
Изложбата ќе биде отворена до 7 ноември 2023 година.

Извор: https://antropol.mk/