Уред кој може да ги репродуцира соништата во видео

07.12.2023 14:05
Уред кој може да ги репродуцира соништата во видео

Замислете ја можноста да ги гледате соништата како филм. Сега е возможно и тоа благодарение на новиот уред создаден од јапонски истражувачи.

Уредот може да снима и репродуцира соништа во видеоформат користејќи напредно снимање на мозокот и алгоритми за машинско учење.

Уредот за снимање на соништата отвора невидени можности за истражување на мистериозниот свет на соништата.

Технологијата користи невровизуализација и вештачка интелигенција за да ја долови сложената нервна активност што го придружува спиењето и да ја преведе во визуелна претстава.

Со интегрирање на техниките за снимање на мозокот со софистицирани алгоритми, научниците успеале да ја декодираат визуелната содржина на соништата. Ова довело до создавање уред способен да ги претвори соништата во видео.

Уредот за снимање на соништата користи функционална магнетна резонанца за мерење на мозочната активност и идентификување обрасци поврзани со одредена содржина на соништата.

Алгоритмите за машинско учење ги реконструираат обрасците во слики, овозможувајќи да се создадат снимки од соништата. Оваа технологија има потенцијал да го револуционизира нашето разбирање за соништата, свеста и сложените процеси на човечкиот ум.

И не само тоа, туку може да има различни примени, како што е подобрување на консолидацијата на меморијата во текот на спиењето и лекување на ментални нарушувања.

Покрај тоа, технологијата за снимање соништа има огромен потенцијал за подобрување на креативноста и иновативноста.

Уметниците, писателите и кинематографите би можеле да имаат корист од можноста повторно да ги видат своите соништа, црпејќи инспирација од надреалните и имагинативни аспекти на своите соништа.

Уредот е во почетна фаза и научниците работат на подобрување на точноста и резолуцијата на реконструираните снимки од соништата.И, како и со секоја револуционерна технологија, уредот за снимање соништа покренува важни етички прашања.

Слика: Fitore

Извор: https://bizlife.rs/

ОкоБоли главаВицФото