Телесни илузии

20.12.23 12:34

Лин Јaнг Ченг е илустратор, скулптор и фотограф од Тајван кој прави необични скулптурални фотографии. Неговата уметност е фокусирана на создавање оптички илузии со помош на огледални рефлексии, светлина и простор, елементи кои допринесуваат за формирањето на овие зачудувачки фотографии.

Работејќи главно со човечкото тело како скулпторски објект, фотографиите на Ченг ја предизвикуваат перцепцијата на реалноста на гледачите играјќи си со перспективата на сосема неочекуван начин.

За Ченг фотографијата не е само начин на изразување емоции, туку и медиум за откривање на надреалното во нашето секојдневие. Тој обично ги користи луѓето како тема, поставувајќи ги во бизарни сцени. Лин Јанг Ченг развива повеќедимензионално визуелно чувство за просторот во своите фотографии, создавајќи ирационални слики, кои кај набљудувачот предизвикуваат љубопитност, но и збунетост.

Интересно е што лицата се скриени, за да се постигне двосмисленоста на делото. Во исто време, гледачот доживува контрадикторни состојби на привлечност помешана со некаква вина, искушение кое го предизвикуваат разголените пози и бизарна непријатност која се доживува преку ирационалните и вознемирувачки ситуации со кои се соочува.

 

Извор: https://theinspirationgrid.com

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око

ОкоБоли главаВицФото