„Ворли” - најмалиот музеј на светот сместен во телефонска говорница

05.01.2024 12:12
 „Ворли” - најмалиот музеј на светот сместен во телефонска говорница

Неколку музеи полагаат право на титулата „најмал музеј на светот“. Еден од нив е Музејот MMuseumm во Њујорк кој е сместен во лифт, како и една мала барака преобразена во музеј во градот Супериор, во Аризона, која исто така се нарекува најмал музеј на светот бидејќи неговата површина изнесува само 134 квадратни метри.

Сепак, најмалиот музеј има нов конкурент. Северно англискиот град Ворли кој се наоѓа во Западен Јоркшир, околу 25 милји југозападно од Лидс, една од иконичните црвени телефонски говорници ја претвори во мини музеј. Внатре во своите четири тенки, светло-црвени ѕидови, музејот Ворли прикажува сувенири од историјата на малиот град, вклучувајќи стари фотографии, старински накит и стаклени гравури, и ќе ги ротира своите експонати на секои три месеци.

Иако Музејот „Ворли” е направен со намера да биде најмал во светот, локалните жители сепак би сакале да ја официјализираат таа ознака. Здружението на заедницата Ворли формално се пријавило во Гинисовата книга на рекорди, надевајќи се дека нивниот мал црвен музеј - кој, како и секоја друга телефонска говорница што не е Тардис, може да собере само еден посетител - ќе влезе во големите лиги.

Актуелната изложба во малиот Музеј „Ворли” се состои од лични предмети донирани од локалното население, дополнети со приказни.

Концептот за музејот започна кога Британските телекомуникации ги објавија плановите да ја прекинат услугата на 43 телефони за плаќање во областа околу Ворли. Иако црвените црвените телефонски говорници се еден од најпрепознатливите симболи на Велика Британија, широко распространетата употреба на мобилни телефони ги направи во голема мера застарени, а голем број од нив беа и запоставени.

Но, тие сè уште имаат важно место во срцата на многу луѓе низ целиот свет, кои црвените говорници ги сметаат за најдобриот британски дизајн на сите времиња, подобар од двокатните автобуси, чизмите од Велингтон, Конкорд, па дури и од самото знаме на Обединетото Кралство, често нарекувано Јунион Џек.

Иако здружението на заедницата на Ворли виде што направија неколку други заедници со неупотребливите телефонски говорници, вклучително и нивното претворање во библиотеки за позајмување книги или места за складирање на дефибрилатори, друштвото на крајот гласаше да се искористи просторот како начин да се прослави историјата на селото - и се чини дека идејата имаше смисла.

Кетрин Галагер, членка на здружението изјави: „Живеам многу блиску до музејот и морам да споделам дека имавме толку многу луѓе кои едноставно мораа да дојдат и да го погледнат”. Досега, музејот е бесплатен за посета и нема одредено работно време, само се појавувате и ја отворате вратата. Доколку музејот добие признание од Гинисовата книга, туризмот би можел да заживее долгорочно.

Ако вашите планови за патување ве одведат во Велика Британија, има уште една мала атракција која би можела да ви го привлече вниманието кога сме кај малите нешта: Домот на поранешната најмала полициска станица во земјата сè уште може да се забележи на плоштадот Трафалгар во Лондон.

Извор: https://www.cntraveler.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото