Хронологија

14.02.2024 10:48
Хронологија

2018 - Нема потреба за паника, личните документи ќе се менуваат онака како што им истекува рокот, значи граѓаните нема да имаат никаков дополнителен трошок.

2019 - Преспанскиот договор е ратификуван, со името Република Северна Македонија.

2020 - Штама. Се издаваат документи со старото име на државата.

2021 - До 5 јули, се издаваат пасоши со старото име на државата.

2022 - Се издаваат документи со новото име на државата, возачки дозволи НЕ СЕ ИЗДАВААТ СО НОВОТО ИМЕ.

2023 - Во текот на летотото, МВР соопштува дека граѓаните треба да ги сменат личните документи заклучно со 12 февруари 2024, на свој трошок, со поскапи цени.

2023 - Размислуваме да нема нови таблици, туку налепници за возилата за назнака НМК.

2023 - Оние што вртат во септември да закажат (по едно 346 пати), добиваат термин дури за август следната година (2024).

2024 - Дефинитивно нема да треба нови таблици, ќе има налепници со НМК до 12 февруари.

2024 - Налепниците пристигнуваат на 10 февруари (два дена пред стапување на обврската за примена).

2024 - Со возачка дозвола со старото име ќе може да возите во државата.

2024 - Со возачка дозвола со старото име нема да може да се излезе од државата ниту да возите во државата оти ако направите сообраќајка тешко вас.

2024 - Извинете, немаме обрасци за нови документи.

2024 - Сепак, ќе можете да возите во државата со возачка која не е со истечен рок, а е со старото име.

2024 - Не знаеме дали ќе ве пуштат надвор со сообраќајна дозвола која не е со новото име.

2024 - АМСМ: Нова сообраќајна е 1130 денари, ама немаме обрасци.

2024 - Имаме 100.000 фотографирани граѓани кои немаат земено пасош, зошто имаме помалку од 5.000 обрасци.

2024 - Да да, пасошот ви е изработен ама не е доставен, не знаеме каде е, земете одмор од 15 дена па чекајте во редов.

2024 - Стигнаа налепниците, ама не биле валидни, чекајте да смениме правилник до полноќ.

И еве сме, на 10 минути пред полноќ, збунети, изнемоштени, изнервирани и верувам дека нема кој не се прашува: добро бе луѓе, што правевте 5 години?!

Цртеж: Leonard Combier

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото