Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон на трката во Севиља

19.02.2024 11:48
Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон на трката во Севиља

Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон од 2 часа, 8 минути и 25 секунди, и го подобри својот досегашен рекорд за речиси три минути. Ивановски рекордот го истрча на вчерашниот маратон во Севилја, Шпанија, на кој на стартната линија се појавија над 250 маратонци од целиот свет со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките Игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим.

Државниот рекорд на најдобриот македонски маратонец Ивановски е само 15 секунди до олимписката норма и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика. Со овој резултат тој ќе скокне на ранг-листата за учество на Олимпијадата што би било и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.

Досегашниот македонски рекорд од 2 часа, 11 минути и 53 секунди Ивановски го постави лани на 3 декември 2023 година во Валенсија, Шпанија.

Извор: https://sdk.mk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото