„Скопје трча“ - седмо издание на популарната трка

10.05.23 01:19

Скопје беше домаќин на седмото издание на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ, на 7-ми мај 2023. Трката е една од најпосетените и најзабавните трки во земјата. Учествуваа над 2000 натпреварувачи.

Трката имаше и хуманитарен карактер, дел од приходите се донирани за помош на деца со посебни потреби.

Целта на „СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ“ е да се збогати понудата на квалитетни трки во Скопје, и да се подигне свеста за поактивен спортски живот на граѓаните, и е отворена за сите возрасни категории и нивоа на подготвеност.

Организатор е Сојузот на спортови на Скопје, кој е организатор и на „Виз Ер Скопскиот Маратон“ и на „Авицена Женската Трка“.

Фотографиите во продолжение се на Небојша Гелевски. 

фотографии: Небојша Гелевски - Бане

ОкоБоли главаВицФото