„Дигитално омоќување и родова еднаквост” - изложба и промоција на публикација

06.03.2024 13:02
„Дигитално омоќување и родова еднаквост” -  изложба и промоција на публикација

Здружението за еднакви можности „Мрежа Стела” организира завршен настан со наслов „Дигитално омоќување и родова еднаквост: Изложба и промоција на публикација за дигитално родово базирано насилство”, што ќе се одржи денес, на 6 март, со почеток од 19 часот во горното фоаје во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Дел од настанот ќе биде и изложбата на дизајните на графичката дизајнерка Теано Кардула, кои беа дел од креативниот израз за време на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство. Во рамки на настанот ќе биде промовирана и публикацијата „Надвор од екранот: Разоткривање на дигиталното родово насилство низ критички осврт”, која се состои од 10 есеи и една поема – сите напишани за различни аспекти на дигиталното родово базирано насилство.

Во рамки на програмата ќе биде промовирана и публикацијата на „Мрежа Стела” „Надвор од екранот: Разоткривање на дигиталното родово насилство низ критички осврт”, која се состои од десет есеи и една поема - сите напишани за различни аспекти на дигиталното родово базирано насилство. Настанот ќе биде отворен со читање на моќната поема The Female Rage, од Фатос Груби, напишана за публикацијата.

Промоцијата и изложбата се организираат во рамките на иницијативата „Кога дигиталното родово-базирано насилство излегува надвор од екранот”. Проектот е финансиран од страна на Швајцарската амбасада во Скопје, а целта е секој поединец да знае како да се заштити себеси како и своите блиски од сајбер насилството.

Извор: https://meta.mk

ОкоБоли главаВицФото