„Snapshots”- изложба на фотографии

08.03.2024 11:55
„Snapshots”- изложба на фотографии

Денес, на 8-ми март, во 19 часот, во КСП Центар „Јадро” ќе биде отворена изложба на Иво Дамјановски насловена „Snapshots”.

„Snapshots”, е прва изложба на фотографии на филм на фотографот Иво Дамјановски и прослава на преминување пет години зад објективот.

Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, „Snapshots” претставува обид на авторот, „не да го реформира [секојдневниот] живот, туку да го спознае“.

„Snapshots” е покана за пауза, рефлексија и размислување за (не толку обичните) обични пејсажи, напуштените излози и останатите глетки што нé опкружуваат.

 

Извор: https://centarjadro.mk

ОкоБоли главаВицФото