Изложба на фотографии „Жените и фотографијата 2024” во Куманово

07.03.2024 13:09
Изложба на фотографии „Жените и фотографијата 2024″ во Куманово

Денес, 7 март, со почеток во 19:30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев″ – Куманово ќе биде отворена традиционалната изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024”.

„Оваа изложба не само што го одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март, туку исто така го слави неизмерниот талент и креативноста на жените фотографки од Македонија. Со големо задоволство, овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии нѐ оставија без зборови. Нивната предаденост и страст кон уметноста на фотографирањето се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Селекцијата на 50 фотографии беше тешка, бидејќи секоја фотографија носи со себе нешто специфично, нешто што го искажува видувањето и искуството на авторката. Но, во оваа изложба, секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста. Овој настан не е само прилика за нас да се возхитуваме на фотографското уметничко изразување на жените, туку исто така е и прилика да се потсетиме на важноста на рамноправноста во уметноста и во секој аспект на нашето општество. Им благодариме на сите учеснички за нивната инспирација и вклученост во оваа изложба, како и на посетителите кои ќе ја однесат дома со себе визијата на жените во фотографското уметничко творење″, велат организаторите.

Изложбата ќе биде поставена до 20 март 2024 година.

ОкоБоли главаВицФото