Одбележување на Денот на италијанскиот дизајн

13.03.2024 12:19
Одбележување на Денот на италијанскиот дизајн

Во рамките на тридневната програма по повод одбележување на денот на италијанскиот дизајн, на 14 март (четврток), во 13 часот, во галеријата „Чифте амам” ќе се отвори изложбата насловена „Најдрагиот Пинокио” (Carissimo Pinocchio).

Изложбата ќе биде претставена по повод 140-годишнината од првото издание на книгата „Авантурите на Пинокио – Приказна за куклата” од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот. Во соработка со италијанската амбасада изложбата на Музејот за дизајн ADI од Милано, курирана од Џулио Јакети, пред македонската публика ќе го претстави дизајнерскиот проект „Најдрагиот Пинокио”, во кој италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот”.

Годишнината, според зборовите на претседателот Лучијано Галимберти, „претставува прилика да се прослави ремек-делото на италијанската литература, со цел да се зајакне мултидисциплинарноста на дизајнот како наследство на културното богатство способно да поставува прашања во нашите секојдневни активности”.

„Срцето на „Најдрагиот Пинокио” се 60 дизајн проекти од 30 дизајнери и 30 графички дизајнери, специјално создадени за изложбата, „разни изрази на чувствата и работата на толку многу италијански дизајнери: зголемен, калеидоскопски, изненадувачки изглед, способен да ја каже приказната за способноста на италијанскиот дизајн да создава безвременски слики и предмети прославувајќи го на тој начин митот за Џепето, првиот италијански дизајнер!”, вели Џулио Јакети за изложбата.

Зборувајќи за изложбата, Џулио Јакети предложи на Музејот за дизајн АДИ да се вклучат 60 италијански дизајнери, поточно 30 дизајнери и 30 графички дизајнери, повикани да дизајнираат своја лична реинтерпретација на најпознатата кукла во светот. Резултатот е збирка што ја раскажува сложеноста на приказната на Пинокио и нејзините многубројни авантури и аспекти.

„Станува збор за инклузивна изложба, погодна и за деца и за возрасни, полна со изненадувања, способна да предизвика насмевка и во исто време да ве натера да размислувате. Се надевам дека ќе уживате и ќе дозволите да бидете пренесени во магичниот свет на Пинокио“, вели кокураторот и дизајнер, Лука Мадонини.

На отворањето на изложбата ќе се обратат амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри, директорката на галеријата, Дита Старова-Ќерими, и кокураторот и дизајнер Лука Мандонини.

Поставката ќе може да се види во наредните две недели, до 28 март 2024.

Извор: https://nationalgallery.mk

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Уметност / Музика / Историја
Графички Дизајн / Уметност
Фотографија / Графички Дизајн / Технологија
Мода / Графички Дизајн / Уметност

ОкоБоли главаВицФото