Мапа на Европа ги открива најпопуларните женски имиња

18.03.2024 13:23
Мапа на Европа ги открива најпопуларните женски имиња

На страницата Amazing Maps е објавена мапа на Европа на која се испишани најпопуларните женски имиња во различни земји.

Со оглед на тоа што мапите кои откриваат интересни информации за земјите низ светот стануваат сè попопуларни, на една од нив се претставени најчестите имиња за девојчиња во европските земји во 2023 година.

Податоците за мапата се преземени од веб-страницата „Fatherly”.

Софија е најпопуларното име во Србија, но и во Црна Гора, Италија, Русија и Словачка. Најпопуларното женско име во Северна Македонија е Јана. Софија е најпопуларното име во Србија, но и во Црна Гора, Италија, Русија и Словачка.

Во Хрватска најпопуларното женско име е Миа, а истото е најмногу застапено во Швајцарија, како и во Естонија. Во Словенија, претходната година, девојчињата најчесто ги нарекувале Ема, а во Албанија Амелија.

Во Португалија и Грција најчесто име за девојчиња било Марија, а во Шпанија Лусија. Во Турција тоа е Зејнеп, а во Велика Британија и Финска е Оливија.

Според истражувањето на BabyCentre токму овие имиња биле меѓу најчестите во светот во 2022 година. Тогаш, меѓу стоте најпопуларни, покрај другите, се наведени имињата Софија, Оливија, Амелија, Миа, Емили, Изабела, Хана, Ема.

Извор: https://zena.blic.rs

ОкоБоли главаВицФото