водено огледало

22.03.2024 19:07

Моето лице се штутка
од немила смеа до недраг плач.
Моето око е странец во мојот дом.
Окото молчаливо искри,
устата слепо зборува.
Тишина од четири ѕида на светот.
Уште никој ништо не рекол.
Купува ли некој очи за играчки,
лице за ткаенини,
раце за мотики,
тело за одело?
Продавам.

П. С. Ако најдете нешто
а не знаете што со него
и никому не му припаѓа,
вратете го,
тоа веројатно сум јас.

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото