Ослободување

25.03.2024 20:05

Никогаш брана
на реките не сум била
но предана на водата
со риби бев сонила,
од среќа уморна
во вода се бев сменила.
     Мојот глас беше шум;
     секој шум – мојот глас.
Ги соблекувам
одеждите на годишните времиња,
ги собирам на куп
свенатите делови свои.
Гласот мој веќе ја губи
бојата на земскиот жубор.
     И зборовите ми се штуткаат
     од стебло до стебло.

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото