Хоакин Родриго

07.05.2024 00:20
Хоакин Родриго

Гитарата долго време не се сметаше за „сериозен“ концертен инструмент. Иако во класицизмот (добата на Моцарт, Хајден, Бетовен), постојат делата на Мауро Џулијани, гитарски репертоар, како и подготовката на мандолинските дела за изведување на гитара на Антонио Вивалди, потоа голем број транскрипции на делата на Бах прилагодени на гитара. Помалку познат факт е дека Паганини исто така бил и врвен гитарист, во неговиот опус постојат дуа за виолина и гитара.

А потоа се појавил Хоакин Родриго и го напишал познатото дело „Concierto de Aranjuez“, една од најубавите класични композиции за гитара и оркестар, инспириран од градините на палатата „Real de Aranjuez“, каде шпанските кралови имале дворци и божествени паркови.

Хоакин Родриго е роден во Сагунто, место во околината на Валенсија, на 22 ноември 1901 година. Во третата година останал без вид, откако заболел од дифтерија. Според неговите зборови, токму оштетувањето на видот го насочило кон музиката.

Пред него голем број дела за гитара оставиле Шпанците: Франциско Тарега, Исак Албениз и Енрике Гранадос.

Покрај нив голем и интересен опус оставил и Бразилецот Хејтор Вила-Лобос, но дури со доаѓањето на Хоакин Родриго и неговите дела компонирани за гитара, гитарата најпосле се прославува.

Хоакин Родриго го компонирал Concierto de Aranjuez во Париз 1939 година. Таму студирал музикологија, а паралелно се занимавал со компонирање. Интересен податок е што тој впрочем не свирел гитара. Во дваесет и третата година ја добил шпанската национална награда за композицијата Пет делови за деца.

Concierto de Aranjuez се состои од три дела, познат и многупати обработуван е неговиот втор дел - адаџио, за чие компонирање бил инспириран од бомбардирањето на Герника во 1937 година.

Во 1991 година шпанскиот крал Хуан Карлос Први го прогласи за маркиз од градините на Аранхуес.

Хоакин Родриго беше шпански композитор и пијанист. Негово најпознато музичко дело е Concierto de Aranjuez.

Неговото најпознато дело премиерно изведено 1940 година во Барселона како концерт за гитара и оркестар, е пример за личниот музички израз и дело кое стекна меѓународна слава.

Хоакин Родриго умре во Мадрид, на 6 јуни 1999 година, две години по смртта на неговата сопруга. Викторија Ками беше негова нераздвојна сопатничка и најважна соработничка на сите полиња на композиторското дело.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://disabilityinfo.me/

ОкоБоли главаВицФото