Дали сме генерација која воопшто не пишува писма

26.07.2011 12:32
Дали сме генерација која воопшто не пишува писма

Дали се сеќавате кога за последен пат сте напишале и сте испратиле вистинско писмо, напишано од вашата рака? И дали знаете некој кој сè уште го прави тоа денес?

Поради фактот што овој начин на комуникација речиси целосно изумре, една млада екипа, на чело со уметникот, дизајнерот и арт-диракторот Иван Кеш, реши да го заживее заборавениот начин на допишување, макар за кратко.

Целта на едномесечниот интерактивен општествен проект, кој трае до средината на август, е да се инспирираат луѓето да земат пенкало, да исполнат лист хартија со зборови и да испратат некому писмо. За почеток, на интернет страницата snailmailmyemail.org можете преку вашата тастатура да го напишете саканиот текст и адресата на личноста на која ѝ е упатено писмото, а вредните волонтери во проектот рачно ќе го препишат истото и сосем бесплатно ќе го испратат на наведената адреса.

Во едно општество каде што комуникацијата е неверојатно брза, потрошна и површна, овој проект се обидува да го култивира и поттикне уважувањето на веќе изгубената уметност на допишување. Тимот на Snail Mail My Email, освен организаторската екипа, брои и 180 волонтери од цел свет кои вашите електронски писма ќе ги претворат во рачно напишани пораки.

Извор: pogledaj.to

јас сеуште пишувам писма.

јас сеуште пишувам писма.

ОкоБоли главаВицФото