Нов филм на репертоарот на кино Милениум

25.08.2011 12:31
Нов филм на репертоарот на кино Милениум

Од петок (25.08. 2011) нов филм на репертоарот на Градско кино Милениум. Воедно, ве потсетуваме дека доделуваме по пет гратис влезници за двајца.

 

 

Податоци со Вашето име и презиме можете да ни испратите на е-адресата oknomilenium@yahoo.com.

 

 

Добитниците ќе бидат објавени на Окно утре (петок, 25.08.2011) до 12:00 часот.

 

 

                                   
Почеток на претставите
20:00; 22:30
Наслов на филмот:
 
Наслов на оргиналот:
Години на Љубовта 3
 
Manuale d'amore 3
 
 
Жанр:
 
Комедија
 
Земја на потекло:
 
Италија
 
Времетраење на филмот:
125 мин.
 

                  Режија:

Улоги:
Режија: Џовани Веронези
Улоги: Роберт де Ниро, Моника Белучи
 
Содржина:
 
 
Филмот “Години на Љубовта” е италијански блокбастер, филмска франшиза, започната 2005 година. Вториот филм е снимен 2007, а најновиот филм ја имаше својата премиера во Италија на почетокот на оваа година. Секој од филмовите “Години на Љубовта” составен е од неколку приказни чии актери се љубовни двојки кои се меѓусебно поврзани. “Години на Љубовта” на духовит, забавен и провокативен начин проповедаат за ситуациите типични за сите љубовни односи. Филмот “Години на Љубовта” (3) се состои од три приказни проследени од три различни, но сепак меѓусебно поврзани парови. Роберто и Сара се на прагот на заедничкиот живот. Неколку дена пред венчавката, Роберто на службено патување запознава шармантна девојка на која е невозможно да и одолееш. Во меѓувреме, во Рим, Елијана живее живот на фатална жена која заведува и жени и мажи, за подоцна да ги уценува. Една од нејзините жртви е и Фабио, тв водител, на кого краткотрајното задоволство со Елијана ќе му го упропасти односот со семејството и кариерата.
Во зградата на Елијана и Сара живее и стариот американски професор кој се заљубува и сваќа дека желбата и чувствата не умираат со годините.
 
                 
Почеток на претставите
   Од понеделник до петок 17:30;
 Сабота и недела 15:00; 17:30
 

     

       Наслов на филмот:
 
 
       Наслов на оригиналот:
 

Хана  

 
Hanna
Жанр:
Акција, хорор
Земја на потекло:
САД
Времетраење на филмот:
111 минути
Режија:
 
 
Улоги:
 Џо Врајт
 
 Сојрс Ронан, Кејт Бланшет и Ерик Бана
 
 
Содржина:
 
 
Хана (Ронан) е тинејџерка. Невообичаено за неа е што таа има сила, издржливост и интелегенција на војник; особини на кои ја воспитал нејзиниот татко (Бана) – поранешен агент на ЦИА, во дивините на Финска. Живеејќи живот кој не е типичен за останатите тинејџери, нејзиното воспитување и тренинг се посветени на една единствена цел – да создадат од неа совршен атентатор.
Пресвртната точка во нејзината адолесценција, е мисијата на која ја испраќа нејизниот татко. Хана бешумно патува во Европа, брзо решавајќи се од агентите испратени по неа од страна на немилосрдниот интелегентен оперативец со свои тајни ( Бланшет). Како таа се наближува кон својата крајна цел, Хана се соочува со изненадувачки откритиа за неа и нејзиното постоење како и со неочекувани прашања во врска со нејзиното потекло.
 
 

                              

 

              
                  
Почеток на претставите
Од понеделник до петок во 13:00; 15:00 часот
Европски филм
Наслов на филмот:
 
Наслов на оргиналот:
Жената што на сон виде еден маж"
 
The woman who dreamed about a man
Жанр:
Драма
Земја на потекло:
Франицја
Времетраење на филмот:
98 минути
              Режија:
 
Улоги:
Пер Флај

 
Содржина:
 
 
К е данска фотографка која е мажена и има ќерка. Додека работи во Париз здогледува еден човек и го следи. Тој ја забележува и таа му објаснува дека го сонувала и тој во сонот извршил самоубиство во хотел. Почнуваат љубовна врска. Кога ја праќаат на работа во Полска таа го наоѓа иако овој пат и нејзиното семејство е со неа. Тој е полски професор и живее со неговата жена и ќерка. Тој ја следи до хотелот и и дава клуч од апартман спроти неговото живеалиште. На крајот мажот и ја открива и се разделуваат. Во меѓувреме таа почнува да живее во апартманот и го минува времето гледајќи го и следејќи го до работа. По извесно време целата ситуација му станува напорна и тој се обидува да раскине со неа, но таа не го прифаќа тоа, се додека тој не и покаже дека станот го користел за сите негови љубовни врски.
 
 
 
                                   
Почеток на претставите
   Сабота и Недела:11:00; 13:00
Наслов на филмот:
 
Наслов на оригиналот:
Мечето Вини
 
 

“Winnie the Pooh”

 
Жанр:
Анимација, комедија, авантура
Земја на потекло:
 САД
Времетраење на филмот:
69 мин.
Режија:
Улоги:
Stephen J. Anderson, Don Hall
Jim Cummings, Craig Ferguson и John Cleese
 
 
Содржина:
 
 
 
 
Содржина: Едно утро мечето Вини дознава дека нема веќе мед. Кога ќе излезе во потрага по мед, тој го пронаоѓа магарето кое што си ја загубило својата опашка. Вини и магарето бараат помош од бувот за да ја пронајдат опашката. Кога тоа ќе го дознае Кристофер Робин тој веднаш ќе одржи натпреварување за да му се направи нова опашка на магарето и победникот да биде награден.
Следниот ден, кога Вини оди да го посети Кристофер Робин тој пронаоѓа порака во која пишува “Bizy. Back Soon”. Неможејќи да ја прочита, Вини го замолува бувот да им ја прочита пораката на животните. Тој погрешно ќе ја дешифрира пораката и така сите ќе бидат убедени дека Кристофер Робин бил изеден од свирепо суштество по име Бексон. Животните прават стапица за да го уловат Бексон, но тие самите се заглавуваат во неа.
Во меѓувреме тигарот го подучува магарето за да стане како него, но магарето му објаснува дека чудесната работа кај тигрите е тоа што тој е единствениот.
Прасето се обидува да ги извади животните од клопката, но не успева бидејќи е многу исплашен. Вешто, мечето Вини ќе ги искористи зборовите од книгата со приказни за да направи скала така што сите ќе можат да се извлечат.
Подоцна, мечето Вини го посетува бувот и дознава дека тој ја земал опашката и ја користел како јаже за ѕвончето на неговата врата. Наместо да седи и јаде мед кај бувот, Вини веднаш оди кај магарето. Кристофер Робин, горд на добрите постапки на мечето Вини го наградува со сад полн со мед.
 
 
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 150 денари.