Што библијата навистина вели за геј браковите

12.09.2011 17:10
Албрехт Дирер, „Лот со ќерките бега од Содома“ (детаљ), околу 1498

Бракот е света и општествена институција. Во различни древни култури тој повеќе бил деловен договор, обединување на фамилиите заради взаемна корист. Во римскиот закон, во 1 век пред нашата ера, постоеле членови кои се занимавале со разводот и раскинувањето на бракот.

Сепак, за христијанската црква, бракот станал света заедница. Црквата ги диктирала правилата. Реформацијата подоцна вовела некои промени – Мартин Лутер бракот го согледувал како граѓанско прашање, а не како нешто што е исклучиво под закрила на црквата.

Но, и понатаму постојат многумина кои веруваат во светоста на оваа заедница и во нејзината хетеросексуална ексклузивност. Библијата никаде јасно не издвојува одредена форма на брак. Бог ја создал Ева од реброто на Адам и го потврдил нивното единство, но тоа е приказна за настанувањето на луѓето, а не на бракот. Адам и Ева не размениле прстени и завет.

Библиските аргументи против истополовиот брак не произлегуваат од текст кој директно се занимава со прашањето на бракот, туку од оној кој наводно расправа за сексуалната ориентација кон истиот пол. Судејќи според Евангелието, Христос никогаш не коментирал што и да е што е поврзано со истополовиот однос. Затоа библиските текстови кои најчесто се цитираат во дебатите заслужуваат објаснување во насока на намалување на нивната злоупотреба.

На пример, во Книгата на настанокот, Бог решава во Содома да испрати два ангели маскирани во мажи, за да го спаси градот од уништување. Лот ги повикал во својот дом да му бидат гости. Таа вечер, сите мажи од градот дошле во куќата на Лот и се распрашувале за двајцата мажи, барајќи да се „запознаат“. Лот знаел дека зад постапката на граѓаните не се кријат добри намери, па ги преколнувал да не се однесуваат така и во замена им ги понудил своите две невини ќерки.

Тогаш собраните мажи почнале да го напаѓаат Лот, а ангелите го вовлекле во куќата и ги заслепиле напаѓачите, за да не можат да ја пронајдат влезната врата. Потоа ангелите го убедиле Лот, неговата жена и нивните две ќерки, да побегнат од Содома.

Христијанската традиција смета дека уништувањето на Содома е знак за божјото неодобрување и омразата кон хомосексуалците. Целата полемика се базира врз зборот „запознаат“, кој црквата го доведува во врска со хомосексуалниот однос. Меѓутоа, не постојат наводи дека некаде во Библијата се споменува истополов однос.

Сексуалната ориентација не бил концепт познат на авторите на библијата. Не постои хебрејски или грчки збор кој во библискиот текст се однесува на хомосексуалноста. Во своето послание кон Коринтјаните, свети Павле го изнесува списокот на гревови на „машките проститутки“ и „содомистите“. Овие термини се јавуваат покрај други гревови – идолопоклонството и прељубата.

Свети Павле укажува на разни изопачени сексуални однесувања, но не ја истакнува посебно хомосексуалноста.

Сепак, ниедна дискусија нема да ги задоволи двете страни.

Неопходно е да се сфати дека библискиот материјал е лесен за злоупотреба и приспособување кон потребите. Но, нешто е сигурно – Библијата не е одредена кон геј бракот.

Извор: b92.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото