Можеби се ближи крајот на Викиликс

15.11.2011 14:38
Можеби се ближи крајот на Викиликс

Изгледа дека Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, сепак ќе биде испорачан на Шведска, каде што би требало да биде испитуван во врска со обвинувањето за сексуално малтретирање на две жени. Пресудата на британскиот суд од 2 ноември дека може да биде испорачан, а на која Асанж може да се жали, ја доведува во прашање неговата лична слобода.

Но, многу други се запрашаа дали тоа не е само уште еден показател за тоа како и самото движење Викиликс, кое го промени лицето и опачината на информативниот екосистем, стана проблематично. Иако не е поврзан со некоја држава и е надвор од опсегот на правото и на непријателите, Викиликс од почетокот страдаше од бројни внатрешни кршливости и надворешна ранливост. Фактот дека Викиликс на крајот го отелотворува еден поединец е клучен. Внатрешните спорови доведоа до заминување на многу клучни програмери. Големите корпоративни понудувачи на услуги, како што се Пејпал, Мастеркард, Виза, Вестерн Унион и Банк од Америка одбија да ги процесираат донациите, со што во суштина ја отсекоа спорната организација од нејзините финансиски бази.

Минатиот месец Асанж објави дека Викиликс привремено ќе се одмори од ископување нови тајни и во целост ќе се посвети на собирање средства зашто сè уште се блокирани 95 отсто од приходите.

„Доколку Викиликс не пронајде начин за отстранување на блокадата, едноставно нема да можеме следната година да продолжиме да работиме“, рече Асанж. Заговорниците за транспарентноста на информациите нагласуваат дека наспроти пропаста на основачот на Викиликс, замислата што оваа страница ја претставува, а тоа е транснационалниот механизам кој ги шири податоците, а кој стои надвор од опсегот на која било влада, корпорација или организација, и понатаму ќе опстане. Меѓутоа, примарната закана како за Викиликс, како и за останатите слични организации нема речиси никаква врска со хакерите или организациски поединости, туку со динамиката на информациите.

Никогаш немаше недостаток од примачи на повластените или лични податоци кои имаат одредена новинарска вредност, но затоа отсекогаш беа ретки оние кои имаа повластен пристап до информациите и беа доволно мотивирани да ги споделуваат со други. Но, големото истекување на податоци не се случува често, а ако се земе предвид дека за тоа мораат да се поклопат бројни фактори – оштетена странка, пристап до значајни документи од јавна важност, како и пропуст во осигурувањето кое го овозможува крадењето на спорни документи. Можеме да се согласиме дека Викиликс, без разлика на сите маани, преставуваше вистинска нова парадигма за транспарентност и одговорност.

Стана во основа поинаков и моќен свиркач, а што е најважно, анонимен (или можеби на крајот сепак не) и тоа со вџашувачки размери. Традиционалните новински организации на почетокот само набљудуваа додека Викиликс ги откриваше повластените државни тајни кои во одредени случаи покажуваа дека официјалната приказна била чиста лага. И додека Викиликс ја намали неслогата во однос на истекувањето на тајните документи, тој не ги намали ризиците за оние кои го прават тоа. Откако Викиликс почна да објавува тајни документи, новинските организации, вклучително и Њујорк тајмс и Волстрит журнал воспоставија сопствени протоколи на електронската пошта, но од нивните напори не произлегоа никакви значајни приказни.

Минатиот декември, Асанж во Британија го уапсија заради обвинување во Шведска, само една недела откако Викиликс објави 250000 телеграми на американското министерство за надворешни работи. Пуштен е со кауција од 300000 долари, откако Воган Смит, основачот на лондонскиот Фронтлајн клуб, се согласи да го вдоми на својот селски имот. Во септември бев повикан на ручек во неговиот дом. Асанџ ми даде на знаење оти смета дека предавањето на Шведска би бил само почеток на опасниот пат кој би завршил со негово предавање на САД, каде што би можеле да го обвинат за шпионажа.

Тој верува дека коалицијата од државнички и бизнис сили е решителна засекогаш да го замолчи Викиликс. Идејата водителка на Викиликс, а можеби и самата организација ќе преживее. Но, идејата дека ризниците на државните тајни се отворени засекогаш и дека тајните редовно ќе се појавуваат пред очите на јавноста, и понатаму е далечна. Веројатно ова е затишје пред бура. Конечно, единственото нешто кое не му недостасува на светот се тајните.

Извор: Њујорк тајмс

ОкоБоли главаВицФото