Хотел во канализациски цевки

23.11.2011 15:17
Хотел во канализациски цевки

Das Park Hotel од Австрија е едно од најнеобичните преноќувалишта во светот – зашто е сместен во три бетонски одводни цевки кои се наоѓаат во јавен парк во австрискиот град Отенсхајм.

Собите во овој хотел се долги околу два метри, а се опремени со најосновен мебел: двоен кревет, голема полица и светилка. Се разбира, во студените денови гостите добиваат и ќебиња. Освен еден кружен отвор на врвот и неколку дупчиња за свеж воздух, собите немаат други отвори, т.е. прозорци.

Хотелот е изграден во 2004 г. според дизајн на Андреас Штраус. На почетокот бил отворен и сместен во градот Линц, но потоа бил преместен во Отенсхајм.

Сите оние кои сакаат да го посетат овој хотел мораат првин да резервираат соба и термин преку неговата интернет страница. Освен потврда дека собата е резервирана, гостинот добива и шифра со која може да ја отвори вратата. Бетонот од кој се изградени цевките е добар звучен изолатор, па гостинот не е вознемируван од никакви надворешни звуци. Бетонските ѕидови остануваат студени во летните денови и топли во зимските.

Сите дополнителни услуги, како нужник, туш, минибар и кафуле се добиваат во непосредното опкружување на хотелот. Во близина има и базен за пливање.

Најдоброто нешто во врска со овој хотел, сепак, е системот на плаќање – т.е. „плати колку сакаш“.

Извор: amusingplanet.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото