* * *

15.12.2011 10:02
 *  *  *

Се оддалечуваш како разбојник
што го лови сонцето со ласо
и сенката што ја фрлам станува поголема од мене,
од тебе,
подолга од сите скришни патчиња што ги знаеме.

Ветерот минува низ твојата коса
и донесува мирис на шарени мастики од детството.
Градските власти ги отстрануваат нашите омилени клупи
додека се проучуваме како средношколци
што ги учат лекциите во автобус.

Ги облекувам патиките наопаку
во обид да те сретнам. Сè останува исто.
Дрвјата во овоштарникот се построени како војници
и само нашето присуство може да го наруши редот.

Погледни кон масата: полните шишиња се потажни од празните.
Погледни кон небото: еден шарен змеј од хартија
полетува само кога воздивнуваме заедно.

Слика: Ване Костуранов

dobro, ACO, ZOSHTO SOZDAVASH

dobro, ACO, ZOSHTO SOZDAVASH TAKVA LESNA LITERATURA, KOLKU COVEK DA JA PROCITA I DA SI IZVETREE MOZOKOT?? DAJ, NESHTO KVALITETNO, BAREM TI SI UCEN, ZNAESH KAKO SE PRAVI...
ZA GREOTA SI AKO MISLIH DEKA VO VAKVO VREME NA KONZUMERIZAM
MORA I PISHUVANJETO DA BIDE TAKVO, NA GOLTKA, NA EKS... I ZARADI TOA NE SOZDAVASH.... A ZNAM DEKA UMEESH.

Еве го твојот рецепт: Малце

Еве го твојот рецепт:
Малце Борхес од странците,
малце Маџиров од домашните.
Во секоја споредба, во
секоја комбинација на зборовите,
во редоследот на речениците, во ритамот,
во се се гледа тоа.

Најдобрата песна од Иван што

Најдобрата песна од Иван што досега сум ја прочитал.
Меланхолично, јасно, доволно сентиментално, ново; а плус и ми се допаѓа :)
Кога ќе реши да напише нешто вистинско - напишано е.

Не постои рецепт за совршена

Не постои рецепт за совршена песна.

Постои животот кој не тера да создаваме уметност од зборови и состојби, а Иван тоа го може.

Убава песна, скроена од искреност.

Иване, јас мислам дека си

Иване, јас мислам дека си роден да пишуваш. Само те молам, дај мавни се, обиди се да се исчистиш од влијанијата што до сите нас допираат, биди професионалец. И да, немој да ми занемуваш тука сега, на твоја песна, кога во секоја можна прилика скокаш да коментираш како прле пред магаре.

Се согласувам дека Шопов е

Се согласувам дека Шопов е роден да пишува.Тоа што не скока да коментира своја песна и е отворен за критики,само зборува за неговата 'професионалност'.

Тешко нам ако поезијата стане

Тешко нам ако поезијата стане професија. Да не треба и стаж да му тече?

„Тоа е порив, и за смисла не прашува!“

Иване, го правевме муабетот, ќе треба да објавиме една книга со песни инспирирани од Никола.

Никогаш не коментирам

Никогаш не коментирам сопствени песни, текстови, раскази... Едноставно сакав да ја споделам песнава со читателите на кои им го препуштам и коментирањето.
Не „скокам“ да коментирам во секоја можна прилика. Ги коментирам само оние содржини на Окно што ми се интересни, претежно од областа на книжевноста.

Daj be Ivane ne glumi

Daj be Ivane ne glumi skromnost. Site znaeme deka posuvas kako srednoskolec. Daj nesto novo, kako mlada sila vo knizevnosta, neli.

Повели, поетиште! и претстави

Повели, поетиште! и претстави се со нешто твое, револуционерно и младосилно! Мислам, кога Шопов веќе е толку „средношколски“ расположен, просветли не' барем ти.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото