Hladno pivo - Für Immer Punk (Live at Exit 2009)

21.07.09 22:09

ТЕМА: Фестивалот EXIT
 
Хладно пиво е загребски панк бенд, формиран во 1988, кој благодарејќи на своите  химнични и честопати хумористично- сатирични песни, се здоби со голема популарност не само во Хрватска, туку и на пошироките екс- југословенски простори. Српско - хрватскиот конфликт од деведесеттите години на минатиот век, против кого, групата го подигна својот глас во повеќе свои песни, воопшто не попречи на нејзината одлична прифатеност и во Србија, каде публиката воодушевено ги пречека на втората фестивалска вечер на овогодинешниот Exit, во чии рамки, тие настапија на Fusion стејџот. "Für Immer Punk" (Засекогаш панк) е преработка од германскиот бенд Die Goldenen Zitronen. Тие пак, мелодијата ја превзеле од "Forever Young", од популарната група од осумдесеттите, Alphaville. Преработка на преработка?! Хладно пиво често настапуваат во Македонија, а нивниот фронтмен со соодветно пивско стомаче, Миле Кекин, има снимено песна заедно со скопските Суперхикс, под наслов „Мислев дека знам“, која пред извесно време беше претставена во аудио секцијата на порталот Окно.

Sorry, you need to install flash to see this content.

Слични содржини

Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото