Billy Joel - Leningrad

18.11.09 05:21

ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989

Џоел ја објавува песната "Leningrad" на албумот "Storm Front" од 1989, на кој третира и теми врзани со историјата, особено Студената војна, како напр. во "We Didn't Start the Fire". Две години порано, со семејството го посетува СССР, каде го запознава кловнот Виктор, кој ја засмејува неговата ќерка, Алекса. Овој чин на невина човечка радост е симбол на рушењето на тогашните бариери меѓу САД и СССР. Били и Виктор стануваат пријатели, оттаму се раѓа и песната "Leningrad". Во неа, Џоел го споредува својот живот со оној на Виктор, кој е роден е во пролетта 1944 и никогаш не го видел својот татко, кој загинал во војната. Созревал во сивилото на советскиот систем, служел во Црвената армија, а животните маки ги лечел со вотка. Својата среќа ја нашол во тоа да стане циркуски кловн. Џоел пак, е baby boomer, роден во 1949, кој расне во middle class America во 50-те и 60-те, во атмосферата на Мекартизмот, Корејската војна и стравот од нуклеарен напад за време на Кубанската криза. Кога е веќе созреан, доаѓа и Виетнамската војна, во која гинат негови пријатели и која тој ја осудува. На крај, судбината ги спојува двајцата пријатели од обете страни на „Железната завеса“, а песната завршува со стиховите: "We never knew what friends we had until we came to Leningrad".

Sorry, you need to install flash to see this content.

Слични содржини

Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото