1017 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Пет, 10.05.2024 01:59
ТEMA: Падот на Берлинскиот ѕид и Источноевропските револуции, 1989
Песната "Berlin, Berlin" е оригинално објавена во 1987 година, во времето на поделената Германија, од страна на западната група John F. und Die Gropiuslerchen, како протест против тогаш постоечкиот Берлински ѕид. John F. е очигледна референца до Џон Фицџерлад Кенеди, познат по славното "Ich bin Ein Berliner!". Рефренот вели "Berlin, Berlin, Dein Herz Kennt Keine Mauern" (или во превод „Берлин, Берлин, твоето срце не знае за ѕидови“). Пророштвото дадено во овие стихови се обистинува две години подоцна, кога на 9 ноември 1989, на Берлинскиот ѕид му доаѓа крајот. По тој повод, песната доживува и ремикс, кој ви го претставуваме тука. Спотот содржи документарни снимки од славниот говор на Кенеди, од Источногерманските политичари, од Берлинската блокада на крајот на 40-те итн.