Kraftwerk - Tour De France (Live at Exit 2009)

23.07.09 23:32

ТЕМА: Фестивалот EXIT
 
Неприкосновените кралеви на електронската музика, Kraftwerk, настапија на третата фестивалска вечер на овогодинешниот Exit, одржана на 11 јули. Притоа, публиката ја оставија без здив со својот магичен аудио- визуелен перформанс, а таа реагираше со огромно воодушевување уште на воведните тактови на сите нивни познати теми, од кои една е и "Tour De France" од 1983. Таа е посветена на познатата француска бициклистичка трка, со оглед дека членовите на групата се големи обожаватели на тој спорт. Формирани се во 1970 во Дизелдорф, а истата година го издаваат и својот прв и за пошироката публика помалку експониран албум, чиј експериментален звук е поприлично различен од оној по кој тие станаа познати. Kraftwerk се пионери на современата електронска музика, на која работат уште од далечните 70-ти години и како такви, извршија страотно влијание на низа артисти кои се појавија подоцна, но кои никогаш не успеаа да ги соборат од тронот.

Sorry, you need to install flash to see this content.

Слични содржини

Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови
Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото