Alea ACTA est

20.02.2012 12:19
Alea ACTA est

Додека политичките кругови и понатаму се борат околу сè послабата власт, која ги презема сите моќни пазари, единствената институција во ЕУ која сè уште може да влијае на реалноста, Централната Банка, не е под контрола на ниедна демократска институција, бидејќи не постои федерална влада на еврозоната.

На општ план, ширум светот, пазарот постепено самоиницијативно создава институции неопходни за заштита на единственото ним важно право: правото на сопственост.

Така, во финансискиот и комерцијализираниот свет настануваат многу контролни тела, кои им угодуваат на националните парламенти не водејќи сметка за својата независност, со оглед на фактот што тие институции се транснационални. Таквите тела ја третираат државната власт како обично орудие кои им се става на располагање.

Ова особено важи во случајот на договорот АКТА (Anti Counterfeiting Trade Agreement), трговскиот догоор за кој од октомври 2007 година, во најголема тајност, преговараат владите на некои развиени земји, меѓу останатите и на Франција. Договорот го одбија Кинезите, Бразилците и Индијците, а неговата примена во Европа единствено може да ја спречи гласањето во Европскиот парламент, кое понатаму го потврдуваат и националните парламенти. Под изговор глобална борба против пиратеријата, заштитата на авторските права и брендови, АКТА всушност поттикнува контрола на потрошувачката и граѓаните, претворајќи ја државата во помошен полициски апарат во служба на големите корпорации.

Конкретно, наметнувањајќи му ги на целиот свет принципите на американските закони СОПА и ПИПА, и далеку излегувајќи од рамките на француските закони ХАДОПИ, АКТА сите интеракции на интернет ги смета за закана еднакво сериозна како пиратеријата. АКТА ги обврзува сите држави потписници државно да ги гонат провајдерите кои би одбиле да ги надгледуваат и цензурираат комуникациите на интернет; Член 27 дури и пропишува и „брза акција за спречување на идните прекршоци“ без појавување пред судија, што значи им препушта на надвордржавните актери задолженијата на полицијата ( присмотра и собирање на докази) и правосудството (санкции); овој исти член кој се занимава со „масовно дистрибуираните фалсификувани дела“ би ги забранил и блоговите, П2П мрежите и бесплатниот софтвер. На крајот, што е уште поневеројатно, Членот 23 би овозможил државите потписнички да воведат кривични казни за бесплатни активност, бидејќи тие, според овој договор, треба да се спроведуваат само на „комерцијална база“: така од нас би можело да се побара да плаќаме за праќање мејлови или за меѓусебно делење на фајлови.

Целиот договор е пишуван во овој манир, и може да доведе до тоа да се сметаат генеричките лекови за фалсификати, а ефектот би бил нивна забрана.

На крајот, тоа што е можеби најлошо: кога ќе го ратификуваат парламентите, овој договор ќе биде надвор од демократската контрола. Членот 36 пропишува создавање на некакви опскурни „ АКТА комисија“, која според Членот 42 би била задолжена да ги натера државите кои не го потпишале договорот да го потпишат, а може дури и да ја менува содржината на договорот, без контрола од националните парламенти!

Затоа е од несогледлива важност да се спротивставиме на потпишувањето на АКТА, бидејќи воведувањето на глобалното владеење на правото не смее да биде смртна пресуда за демократијата, туку и поттикнување на развојот на глобален план.

Извор: L'Express.blog

дај боже да се усвои!

дај боже да се усвои!

ОкоБоли главаВицФото