Телефонските говорници го возвраќаат ударот

07.03.2012 12:46
Телефонските говорници го возвраќаат ударот

Внатре во загушливото општеството во кое живееме, поголемиот дел од услугите и идеите имаат бирократски претставници кои се смислени за нас да ни го олеснат ултрабрзиот и пренатрупан животен ритам.

За секое подрачје од нашите интереси помалку или повеќе постои некаква службена инфраструктура со која би можеле побрзо и полесно да ги оствариме нашите замисли, но хаотичната количина на луѓе и идеи резултира со системско загушувањето во кое бирократијата си станува самата на себе и цел и поента.

Од вакви системи денес зависиме повеќе од кога и да е, па било какво отстапување од истите привлекува значителна количина на внимание.

Една таква ситуација е пренамената на телефонските говорници во Њујорк, проект на John Locke. Во градот има преку 17 милиони мобилни телефони и нешто повеќе од 13.000 говорници, а тоа сосема јасно става до знаење кое средство на комуникација е во предност. Овие објекти кои постојат во јавните простори сè уште носат мириси од некои минати времиња во кои комуникацијата преку мобилни телефони била апстракција. Говорниците денес постојат само како попатен споменик (ако воопшто се сетите да ги погледнете) на личните анегдоти и евентуално како парцијално скривалиште од дождот кој ве затекнал неподготвени.

Овој застарен, реликт прегазен и од времето и од технологијата, сè уште ги држи своите агли по квартовите, некои од нив се целосно демонтирани и уништени, а за момент се мислеше и дека нема преголем број на можности за промена на нивната иднина.

Тука се враќаме на разговорот од почетокот, за бирократијата и општеството. Одделот за подобрување на урбаноста (Department of Urban Betterment- DUB) кој работи под раководство на Locke, пронајде начин како да ги претвори старите добри говорници во нови места за средби на обострано задоволство и желба. Проектот „телефонски книжари“ ја искористи постоечката физичка инфраструктура и создаде нов систем „ослободен“ од вишокот посредници.


Дизајнирани се едноставни полици во силни бои кои се имплементирани во говорниците и наполнети со донирани книги. Со оглед на фактот што во светот веќе долго постои идејата Bookcrossing, се чини дека овој DUB проект не носи нешто возбудувачки ново.

Освен одличната идеја и практичната изведба, нам ни се чини дека „книжарата од телефонската говорница“ е и сјаен општествен експеримент кој би можел (доколку книгите и полиците ги преживеат вандалските напади) во денешното општество да потсетува на одамна заборавената можност за елиминација (или барем намалување) на бирократската инфраструктура од сите сфери на човековото постоење.

Всушност, на идеите од ваков тип скоро и да не им треба никаква финансиска инјекција, само малку добра волја и соработка. Се сеќава ли некој како одеше тоа?

Извор: Pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото