Јас го одбележувам 8 март

08.03.2012 10:37
Јас го одбележувам 8 март

Најновата ѕвезда на дискриминаторското небо е структурната дискриминација. Таа е затскриена зад традицијата, облечена во религија и презентирана во општетсвено прифатливо однесување.

Дискриминацијата на жената во современи услови е, пред сè, структурна и најчесто поминува незабележано, и самата себе се храни и репродуцира.

Жената во Македонија има 28% помалку примања од мажите, во над 75% од случаите при развод на брак е определена за старател на децата, 100% е поврзана со грижата за хоспитализираното дете, во најголем број од случаите ги врши домашните работи, многу малку се занимава со спорт, доминантна жртва е на семејното насилство, не е избрана за градоначалник во ниту една од 85-те општини, многу малку е раководител (дури и на Универзитетите). Жената во Македонија се стимулира да раѓа, но не и да се побуни против подредената положба во која ја ставаат традицијата, религијата и општетсвено прифатливото однесување

Жената во Македонија го прославува 8 Март, наместо да го одбележува и наместо да го искористи барем еднаш да покаже дека не се согласува со улогата која ѝ се дава.

Јас не го прославувам 8 март – денот на жената/мајката, меѓутоа, се приклучувам кон одбележувањето на 8 март, денот кога жените организирано застанале во одбрана на својата рамноправност со мажите, на своите човекови права и достоинство, и кога излегле на улица да бидат видени и препознаени.

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk

Корисни линкови во врска со истата тема:

Европски докумени за родовата еднаквост

Историја на меѓународниот ден на жената 8 март

internationalwomensday.com

Меѓународен ден на жената

Толку?!...Само толку?!

Толку?!...Само толку?!

најсикрен, има многу што да

најсикрен, има многу што да се прочита по интернетот ако си заинтересиран/а за повеќе. Инаку, би можел/а ти самиот/самата да напишеш повеќе.
Се придружувам кон оние кои сметаат дека е битно да се одбележува овој ден, зашто статистиката погоре кажува дека се' уште сме далеку од родова рамноправност.
На сите (жени и мажи) им посакувам многу сила за она за што треба да се избориме - рамноправноста!

Кој те праша па тебе?!

Кој те праша па тебе?!

Најискрен, види негде по

Најискрен, види негде по нетов завод за ментално здравје. Си ја утнал адресата. Не можеме да ти помогнеме, јаднику.

Фикус за Најчевска!

Фикус за Најчевска!

ОкоБоли главаВицФото