Експозиција од три години

22.03.2012 13:23
Експозиција од три години

Желба и идеја само со едно движење, со еден запис да се обедини присуството и повеќезначноста на информацијата, потребата во една информација да се собере универзалното, постоела одсекогаш.

Да се постигне симултан свет е вечна тема на многу уметнички правци, а футуристите се имаат најблиску приближено до нејзиното остварување.

Филмот како медиум опфаќа мноштво информации одеднаш, а time-lapse техниките на снимање денес станаа технички релативно лесни и широко користени. Сепак, и покрај технократското време и перформансите на разно-разните камери, нам, судејќи по сè, најневеројатна ни изгледа приказната за постоењето на фотографски апарат кој може да го држи прекинувачот отворен дури 3 години!

Резултатот на таквото снимање се фотографии со делумно мистична атмосфера кои можете да ги видите во продолжение, а станува збор за работата на германскиот фотограф Michael Wesely. Уште од раните 90ти, Wesely се занимава со истражување и усовршување на техника која ќе му овозможи многу долга експозиција, но не онаа од школските примери, десетина минути како што обично се случува, туку вистински да се опфати време од 3 па дури и 40 години. Многу слоеви, детали кои настануваат и тонат во неопипливоста на времето, се кондензираат на фотографиите на Wesely. Тој користи многу филтри и екстремно мал отвор кој му помага светлоста во потполност да не го уништи негативот, а експозицијата да трае неколку илјади пати подолго од нејзината вообичаена должина.

Најчест мотив на неговите интереси се големите светски градилишта, бидејќи, според неговите зборови, станува збор за места од посебна историска важност што го менуваат нашиот поглед на животот и нашата околина.

Еден од неговите најрани проекти датира од 1999 година кога Westly ја документирал реконструкцијата на берлинската Postdamer Platza, држејќи постојана експозиција дури 26 месеци, а својот интерес во 2001 година го преселил на амбициозниот проект на градба на њујоршката MoMA, кадешто со помош на неколку камери на различни локации успеал да го документира комплексното настанување на зградата. Снимањето траело три години, односно експозицијата, а финалните снимки ја покажуваат целата комплексност на градењето на музејот, но и деликатната мрежа на детали кои се кријат внатре.

Интересен е мотивот на светлосни ленти кои се појавуваат на сите негови фотографии, а го бележат патот на сонцето на небото. Wesely го истакнува токму тој детал сместен во нашата егзистенција и живот како дел од „танцот на космосот“.

Повеќе за уметникот погледнете тука.

Извор: Pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото