Вакумирани љубовници

04.04.2012 14:40
Вакумирани љубовници

Дали некогаш сте се почувствувале толку многу поврзани со вашиот партнер што сте посакале да се споите во едно битие? И дали некогаш сте се обиделе да го постигнете тоа, без разлика на кој начин?

Јапонскиот фотограф кој твори под псевдонимот Photographer Hal, за потребите на својот проект наречен Fresh Love (Свежа љубов), наоѓа љубовни двојки низ токиските барови и „другите места кои се полни со невообичаени активности“ и им се нуди да ги фотографира во необични пози, облепени со најлонски кеси. На тој начин, меѓу другото, Хал сака да ни порача дека во денешно време и љубовта стана производ кој може да се спакува и да се продаде.

Двојките се збиени еден до друг и се облепени во пластична вакумирана кеса. Хал го лови токму оној момент кога вљубените партнери се спојуваат на еден необичен начин пред да биде отстранета пластичната обвивка. Исход на таквиот пристап е бизарната, но сепак прекрасна интимност. Вљубените наликуваат на мешавина од спакувано месо, на возрасни ембриони, па дури и на легендарната снимка од спалната на Џон Ленон и Јоко Оно.

Иако овие фотографии се бизарни, во себе содржат одредена нежност. Во својата суштина, тие се слики на љубовта, а има ли нешто почудно и полудо од љубовта?

Во продолжение, погледнете избор од фотографиите.

Извор: huffingtonpost.com

ОкоБоли главаВицФото