Херкул Поаро заминува во пензија

16.04.2012 10:44
Херкул Поаро заминува во пензија

Британскиот глумец Дејвид Сачет, кој е најпознат по улогата на педантниот белгиски детектив Херкул Поаро (Hercule Poirot), го најави своето заминување во пензија, пишува BBC.

Имено, Сачет (66) во јули 2013 година ќе ја сними последната епизода од оваа многу популарна серија, наведува BBC.

Првпат во ова улога Сачет се појави 1989 г., а откако ќе ја сними и последната епизода, ќе се појави во сите приказни кои Агата Кристи ги напишала за Поаро.

„Возбуден сум, се чувствувам како да сум го остварил сонот. Истовемено, не се чувствувам добро бидејќи ќе морам да се разделам со Поаро и да го зкаопам“, изјави Сачет.

Овој британски актер го играше Поаро во над 65 телевизиски филмови.

Извор: 6yka.com