Човекот кој се плашеше од јајца

03.05.2012 11:24
Алфред Хичкок

На 29 април се одбележаа 32 години од смртта на Алфред Џозеф Хичкок, најголемиот меѓу најголемите на полето на филмската индустрија, филмски режисер, добитник на Оскар, режисер на преку 50 филма.

Сите ние родени и обележани како последни пионери (генерација `83), па и помладите од нас, со ненадминливите класици опседнати филмофили, го познаваме тоа чувство на страв... Сакале или не, додека се тушираме низ главата ни се мота мислата „што ако зад“...? Што ако зад најлонските кулиси, во нашата тоалетна сцена, во нашата бања се прикрадува појава со нож во раката – и тогаш сосема јасно започнуваме да ја слушаме музиката од „Психо“. Впечатлива илузија, незаборавен класик.

„Јас сум филантроп: им го нудам на луѓето тоа што го сакаат. Луѓето сакаат да почувствуваат ужас и страв“ – Алфред Хичкок.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Алфред Џозеф Хичкок, најголемиот меѓу најголемите на полето на филмската индустрија, филмски режисер, добитник на Оскар, режисер на преку 50 филма, почина на 29 април 1980 година. Роден е во Лондон на 13 август 1899 година, каде што започнал да режира, а кариерата му тргнува по нагорен пат по преминот во Холивуд, на повик на продуцентот Дејвид Селзник.

Добитник е на многу награди и признанија. Филмот „Ребека“ (1940) доби Оскар истата година, иако наградата ја примил продуцентот на филмот Дејвид Селзник. Хичкок како продуцент бил номиниран за Оскар за најдобар филм, и тоа за „Сомнеж“ (1941). Како најдобар режисер бил номиниран пет пати, и тоа за филмовите: „Ребека“, „Брод за спасување“ (1944), „Маѓепсаната“ (1945), „Прозорец кон дворот“ и „Психо“. Во 1968 година го прими почесниот Оскар, а во 1980 доби титула витез.

За Хичкок можеме да кажеме дека е пионер и револуционер во филмската индустрија. Во Психо го внесува тој врескав звук кој станува бренд на филмот, потоа во Птици за прв пат воведува ефекти на електронска музика. Неговиот жанр би можел да се карактеризира како психо-трилер, во кој целото внимание се насочува кон полната напнатност кај набљудувачот.

Хичкок е како забар кој со брусилка ни поправа заби, односно неговите филмови нè принудуваат цврсто да се држиме за рачките на столот додека буквално не ги откорнеме. Необичниот стил кој нè тера во напнатност, поточно за време на филмот ни дава предност во ретроспектива да ја знаеме позадината или исходот на главниот глумец, додека самите ликови тоа не го знаат. Нè става во позиција на „сеприсутен сведок“ и тоа воедно е одличен рецепт за напнатост, па и за изненадувањето кое овој режисер редновно ни го сервира.

Your browser is not able to display this multimedia content.

На крајот, интересно е – но и смешно – треба да се истакне дека и овој човек имал своја „Ахилова петица“, т.е. се плашел од јајца.

„Се плашам од јајца. Тоа бело и тркалезно нешто без дупка... Дали сте виделе нешто погадно од скршена лушпа на јајце и пролевање на неговата жолта течност? Крвта е весела, црвена. Но, жолчката од јајцето е жолта, гадникава. Никогаш ја немам пробано.“

Големиот режисер и уметник почина на 29 април 1980, а неговото тело беше кремирано.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото