1014 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 18:38
Дон Мартин (Don Martin,1931-2000) е американски карикатурист и стрип цртач чиишто најпознати дела се објавувани во списанието „Mad“ во периодот од 1956 до 1988.
Неговата популарност била толку голема што списанието го промовирало и го претставувало како „најлудиот уметник на Mad“ (Мad's Maddest Artist). Добитник е на неколку награди, а неговите дела се објавувале во заеднички зборници со карикатури. Во 1986 г. бил дел од жирито за прогласување победник на Меѓународниот конкурс за карикатури кој се одржа во Анкара, Турција.
Влијанието на неговите дела може да се забележи во многу области, почнувајќи од цртаните серии Симпсонови и Family Guy, преку хумористичното шоу The Colbert Report, до романот „Motherless Brooklyn“ (1999) на Џонатан Летем.
Повеќе за овој уметник можете да најдете овде.
Извор: jordanorlando.com