Отворено писмо

22.06.2012 13:33
Отворено писмо

 

 

 

Отворено писмо до:
Претседателот на Република Македонија
д-р Ѓорге Иванов

Скопје, 22 јуни 2012 година


БАРАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РМ ДА НЕ ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА УСВОЕНИОТ ЗАКОН ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА УСЛОВ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА, ПРИСТАП НА ДОКУМЕНТИ И ОБЈАВУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ


Почитуван Претседател Ѓорге Иванов,


Ви пишуваме за да ја изразиме нашата загриженост во врска со сериозните слабости на усвоениот Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (во понатамошниот текст: Законот за лустрација). Вчерадонесениот Закон за лустрација, кој ќе ви биде доставен на потпишување, ги крши не само слободите и правата на граѓаните на Македонија загарантирани со Уставот, туку и претставува грубо кршење на уставниот поредок, преку непочитувањето на Одлуките на Уставниот суд на Република Македонија.

Бараме од Вас, во рамките на Вашите уставни надлежности, да не го потпишете указот за прогласување на усвоениот Закон за лустрација. Во своето образложение до Собранието на Република Македонија се надеваме дека ќе се повикате на Резолуцијата 1096 на Советот на Европа и ќе сторите сѐ што е во ваша моќ да обезбедите владеење на правото и ќе спречите со овој закон наместо да се справиме со минатото, да се создадат услови за понатамошно кршење на човековите права во актуелниот општествено- политички систем.

Очекуваме дека Вие како долгогодишен професор на Правниот факултет ќе се заложите за зачувување на уставно правниот поредок на Република Македонија, кој со усвоениот Закон за лустрација се руши бидејќи повторно се пропишуваат одредби со кои не се почитуваат одлуките на Уставниот суд од април 2010 и април 2012 година. Проширувањето на опфатот на Законот за лустрација по 17 ноември 1991 година, лустрирањето на лица кои се поранешни функционери, задолжителното лустрирање на членовите на политичките партии, верските заедници, новинарите и невладините организации беа одредби за кои Уставниот суд утврди дека се неуставни и истите ги укина. Повторното регулирање на овие одредби во спротивност со одлуките на Уставниот суд претставува грубо кршење на уставниот поредок и непочитување на извршните одлуки на судот, што, впрочем, претставува кривично дело.

Кон ова писмо Ви ги доставуваме и заклучоците од јавната расправа на граѓанскиот сектор во кои се дадени детални забелешки на недостатоците на Законот за лустрација.

Со почит,

Фондација oтворено општество - Македонија
Владимир Милчин, извршен директор

 

ПрилогГолемина
Преземи145.34 KB
Преземи570.13 KB
Преземи393.04 KB

Последен крик за спас на

Последен крик за спас на кодошите, другар „Драматург“?

Впрочем, што те секира тебе законот, кога не си бил кодош, и кога никој од твоите од СДСМ не бил кодош?

Ако навистина сметаш дека со откривање имиња на бивши злочинци се нарушува приваатност, зошто не крена врева кога почна јавно откривање имиња на педофили?

Откривање имиња, кои се дел од „лични податоци“ според закон, би требало да е еднакво незаконски без разлика на делото кое го извршил злосторникот, т.е. без разлика дали бил кодош или педофил.

Треба да знаеме кои се педофилите и кодошите во нашите маала!

Има ли покодошко време од

Има ли покодошко време од денешново. Па вемеро има вработено по еден човек на секој спрат-кодош кој напредува во службата кодошејќи. Дури не ни камуфлира дека друго нешто работи. Вемеро има свои кодош на секоја улица, во секоја кафана. Денес, 2012. Срамно, мизерно, ужасно.

За споредба, СДСМ имаа по

За споредба, СДСМ имаа по еден човек од спрат кој НЕ БИЛ кодош.
Едно време имаше гласини дека некогаш, многу одамна, имало случај кога СДСМ имале и лидер кој НЕ бил комунистички кодош, ама излезе дека тие гласини биле вмровска спрдачина синтетизирана во лабораториите на Илија Димовски (најчестата халуцинација која ја добива Коља кога чита коментари овде)

Многу духовито. Просто сум

Многу духовито. Просто сум сигурен дека зад псевдонимот се крие некој од славното трио: Димовски-Николовски-Ѓорчев. Полуписмен, т.е. полурлустриран, излези меѓу луѓето, пробај да поразговараш со некого за политика, особено ако е вработен во администрација. Никогаш, тоа никој не може да ме убеди, никогаш позаплашени не биле обичните луѓе. Тоа им е јасно на сите. Злотвори ко вас многу добро го знаат тоа и ми се чини дека тоа е вашата духовна храна. Знам дека коментарот прозвучува патетично, ко крик на немоќ. Од другата страна гледам сподоби кои се изживуваат ударајќи во тело што веќе е на земја. Која ли мајка ве направи. Во кои лаборатории ве програмираа и создадоа вакви чудовишта? За крај, еве еден совршен опис кој за вас го направи омразениот ви Фрчко (го мразите зашто ве гаѓа право во сржта):
„Има две зачудувачки појави кои не ме оставаат раат сиве овие години на владеење на ДПМНЕ!
Едната е фрапантниот број млади потрошени деца кои ги запали, драматично оштети оваа партија, со начинот на нејзиното владеење и регрутација. Млади деца-борци (како од африканските граѓански војни), која оваа елита или што и да е од таа партија ги ‘‘окрвави‘‘ со репресија и кршење на рбетот и ги фрли на улица да талкаат: недоучени, недоваспитани, демократски ивалиди, оштетени на самиот почеток на своите кариери со доза на латална смеша од: репресија, послушност, затапеност и ничкосување глава под ‘‘партиските каузи и лидеро‘‘. Од тој човечки материјал никогаш повеке ‘‘керпич‘‘ нема да биде. Истовремено, а можеби демонската идеја на планот е токму тука - тој уништен, млад посев нема друга алтернатива освен да се држи до партијата која го оштетила, бидејки само таму и под нејзините закони некако вирее и има некаква перспектива. Оштетено младо мноштво ни остава ДПМНЕ во наследство. Наместо да го образува и учи на либерални вредности на човековите права, за солидарност и демократија, за моралност на борба, исправеност и храброст на сочелување со неправдата–го здрви со ископлексираност на жртва дребност која проецира квази големина во антиквизацијата, во поистоветување кое слабите го прават со воините, во ‘‘врескаво македонче‘‘ кое мора да мрази за да постои! ДПМНЕ го дефинира научно етичкиот хоризонт на своите млади од Паљурци до Табановце, со светилник во Белград и кафичот кај Ноле ! “

Уште те држат триповите од

Уште те држат триповите од младоста, а? :)
Ниедно од презимињава кои ги спомнуваш секогаш кога ќе те изнервира некој коментар не е мое. Шо би се рекло „жалим случај“.
Сосем случајно, лично го нејќам Фрчковски заради неговото полтронство кон Црвенковски и силните комплекси што ги има уште од копиљството негово. А да, го нејќам и заради тоа што ги гледа младите како „керпич“ кој му служи за полнење плоштатчиња од генерирање „слободоумни студентски организации“ и заради тоа што се појавува на протести само за да се слика со младината (како што направија лани заедно со Ѓунер, ни се убација кога протестиравме за Мартин).
Поздрав, и престани да халуцинираш!

 И јас бев на протестите. Ти

 И јас бев на протестите. Ти беше на протестите или на контрапротестите? Да бидеме на јасно. Во однос на вашата омраза спрема Фрчкоски, не ме смеј, ни еден од аргументите не важи. Важи нешто друго. Има убав текст за тоа овде: http://www.plusinfo.mk/mislenje/389/ChOVEK-NA-RESENTIMENTOT

Мислам дека не ти е јасно што

Мислам дека не ти е јасно што е целта на лустрацијата.

Потребно е да се одземе моќта од рацете луѓето кои биле соработници со југословенскиот режим, и со тоа да се создадат услови за ширење демократија. Зошто е тоа потребно? Затоа што е формиран нов државен поредок, Македонија е осамостоена, и секоја поврзаност со служби од други држави може да биде опасна.
Реално, лустрацијата требаше да се случи веднаш по осамостојувањето. Така ќе ги немавме луѓето од СДСМ кои беа креатори на криминалната приватизација (и веројатно ќе имавме некои нови поасални луѓе во слична партија која нема да работи за туѓи интереси и ќе биде здрава опозиција), така ќе немавме соработник на странски тајни служби за министер за внатрешни работи (Фрчко) кој извршува атентати на претседатели, ќе немавме ни луѓе кои дури и денес работат за странски интереси (пропагираат некакви небулози кои би требало да не убедат да го промениме името онака како што сакаат грчките нацисти), веројатно и ќе ги немавме идиотите кои ги голтаат приказните на овие што ги спомнав претходно, ќе ги немавме сите оние бизнисмени (кои во последни време почнаа и да ги менуваат боите, па имаме кодоши-бизнисмени и кај СДСМ и кај ВМРО), итн итн... има баеги гомнарии излезени само заради тоа што не е спроведена лустрација ДОСЕГА. Како позитивен пример ќе ја спомнам Хрватска, тие завршија со луѓето од стариот систем и вистински свртија нов лист.

Сега, јасно ти е зошто треба да има лустрација?

ЦАР Си беше еднаш еден цар.

ЦАР
Си беше еднаш еден цар. Имаше жолти очи и граблива челуст. Живееше во дворец полн со мермер и полицајци. Сам. Ноќе се будеше и врескаше. Никој не го сакаше. Тој најмногу ги сакаше ловот и теророт. Но се фотографираше со деца, среде цвеќиња. Кога умре, никој не смееше да ги тргне неговите портрети. Погледнете, можеби и кај вас дома има негова маска.
Збигњев Херберт

ЅИД Стоиме пред ѕидот.

ЅИД
Стоиме пред ѕидот. Младоста ни е соблечена како на осудениците кошулата. Десет, дваесет години поминуваат пред угоениот куршум да ни јавне на вратот. Ѕидот е висок и цврст. Зад ѕидот има дрво и ѕвезда. Дрвото со корењата го подрива ѕидот. Ѕвездата како глушец го нагризува каменот. По сто, двесте години во него ќе има мало пенџерче.
Збигњев Херберт

Константин Кавафи Чекајќи на

Константин Кавафи
Чекајќи на варварите

Што чекаме, собрани во форумот?

Варварите треба да пристигнат денес.

Зошто Сенатот не дејствува?
Зошто сенаторите не заседаваат и донесуваат нови закони?

Затоа што варварите треба да пристигнат денес.
Кои закони би требало уште да ги донесат сенаторите?
Кога варварите ќе пристигнат, тие ќе бидат закон.

Зошто нашиот император се разбуди толку рано,
и седи на најголемата порта од градот,
на престолот, свечен, со круната на глава?

Затоа што варварите треба да пристигнат денес.
И императорот чека да го прими
нивниот поглавар. Навистина, тој се подготви
да му даде еден пергамент. На него се испишани
многу титули и почесни имиња.

Зошто нашите два конзули и преторите излегоа
денес облечени во нивните црвени извезени тоги,
зошто носат нараквици со аметист,
и прстени со блескави, светкави смарагди,
зошто денес носат скапоцени бастуми,
прекрасно изрезбарени, со сребро и злато?

Затоа што варварите треба да пристигнат денес,
а такви работи ги заслепуваат варварите.

Зошто заслужните оратори не доаѓаат како секогаш
да ги држат нивните говори, да го кажат своето?

Затоа што варварите треба да пристигнат денес,
а нив бргу им здодева од елоквентност и орации.

Зошто одеднаш се јави овој немир
и конфузија. (Колку лицата стаанаа мрачни).
Зошто улиците и плоштадите брзо се чистат,
а сите се враќаат по домовите, задлабочени во мисли?

Затоа што ноќта е тука, но варварите не се дојдени.
И некои луѓе дојдоа од границите,
и рекоа дека повеќе нема варвари.

И што ќе стане со нас сега без никакви варвари?
Тие луѓе беа некој вид решение.
(1904)

Така е, да сибеш векот, така

Така е, да сибеш векот, така е!
Гласајте за СДСМ, нек иде у курац Македонија (по можност, во некое од курињата на Свирковци)

КУР ^^^ Жуто комбе, + од тие

КУР
^^^ Жуто комбе, + од тие кошуљите, давАј навака...
Курдоколенко Гздадов
(15ти Септември 2045)

Хехее Кодошов Милчин го фаќа

Хехее Кодошов Милчин го фаќа фрфа...Така му треба

Наскоро...ВМРО-ДПМНЕ

Наскоро...ВМРО-ДПМНЕ прикажува...Кога кодошите ќе стивнат...

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото